December 9, 2021, 8:14 am

Владата усвои нови протоколи за работа за кафетериите и рестораните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на денешната редовна 113-та седница, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана) со кои е укинато ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти и се дозволува поголема исполнетост на капацитетите и во отворениот и во затворениот дел.
Со овие измени и дополнувања, кои се согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, како што информираат од владината прес-служба, се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти.
-Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел е до најмногу 50 отсто искористеност на капацитетот на објектите, велат од Владата.
За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, додаваат, остануваат во сила постојните мерки и протоколи

Latest News

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, особено на истокот. Од попладневните часови на запад ќе започнат...

More Articles Like This