ВЛАДАТА ЌЕ ДАВА ПАРИ ЗА БОРБА ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО, МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОЛОГИЈА ПОИМА НЕМА: Владата ќе доделувува средства на скопските општини за борба против загадувањето

  • August 8, 2019

Владата објави јавен повик за реализација на програмата за намалување на загадувањето на воздухот за 2019 година.

Предмет на повикот е доделување средства од оваа програма, а преку утврдување на потребата за спроведување мерки за намалување на загадувањето и на високите концентрации на ПМ 10 и ПМ 2,5. Средствата ќе се доделуваат и за уредување зелени површини на градинки, основни и средни училишта и здравствени објекти во општините на територијата на градот Скопје.

Оттаму, право на учество на јавниот повик имаат само скопските општини што имаат високо ниво на загадување на воздухот, а во согласност со податоците од мерните станици на Државниот автоматски мониторинг-систем. Заинтересираните општини за учество можат да се јавуваат најдоцна до 15 август годинава. Само општините што ќе ги исполнат критериумите ќе имаат право да им биде доделена опрема што ќе ја користат за намалување на загадувањето на воздухот.

Од јавниот повик не може да се заклучи за каква опрема станува збор. Но ако се работи само за прочистувачи на воздух за градинките, училиштата или здравствените установи, тоа не е решение на загадувањето на воздухот, бидејќи децата штом ќе излезат од овие образовни установи повторно ќе дишат загаден воздух и ќе мора да носат маски на лицето. Интересно е што од Министерството за животна средина и просторно планирање не знаеја за деталите на јавниот повик и ни кажаа дека треба првин да го видат, а потоа да дадат мислење и одговор.

Целиот текст прочитајте го на Нова Македонија

Претходно «
Следно »