October 27, 2021, 4:37 am

Влада: Извecтyвaњe зa jaвноста зa пpocлaвaтa нa Дeнoт нa нeзaвиcнocтa – 8 Септeмвpи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ве известуваме дека утре, 8 септември 2021 година (среда), по повод 30 годишнината од независноста на нашата држава ќе се одржат серија манифестации по следниов редослед:

1. Од 08:00 часот по повод 8 Септември – Денот на независноста премиерот Зоран Заев на гробиштата „Бутел” на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Борис Трајковски и Киро Глигоров ќе положи цвеќе и ќе оддаде почит.

Присутни на настанот ќе бидат и Артан Груби, прв заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Љупчо Николовски, заменик-претседател на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции и Мила Царовска, министерка за образование и наука. Ќе бидат присутни и многу други делегации, амбасади и политички партии.

2. Од 12:00 – премиерот Зоран Заев ќе присуствува на свеченост по повод доделување Орден „8 Септември” на Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Собрание, и на пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година. (Кабинет на Претседателот на Република Македонија).

3. Од 17:00 часот – Централна манифестација пред Собранието на Република Македонија, чие сценарио заедно со поканата за присуство на граѓаните (кои треба да се регистрираат во електронскиот формулар) се наоѓаат на следниов линк: https://vlada.mk/node/26432

Дополнително Ве известуваме дека пренос во живо од настаните ќе има на Националната телевизија како и на каналите на социјалните мрежи на Владата на Република Македонија.

Latest News

(Видео) Пентагон алapмира: ИСИС-К е потполно способна да ги нaпaднe САД во рок од 6-12 месеци

ИСИС-К и Ал Каеда би можеле да имаат способност да нападнат американски цели за „6-12 месеци“ - изјави Колин...

More Articles Like This