ВЛАДА НА „ПИШМАН АЏИИ“: : Зголемен лимитот за плаќање на кеш од 500 на 3.000 евра

  • January 2, 2020
  • Коментари

Со измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, лимитот за плаќање кеш се зголемува од 500 на 3.000 евра. Измените беа усвоени по скратена постапка во Собранието на 27 декември, а по иницијатива на неколку пратеници.

За измените гласаа 54 пратеници, немаше против и воздржани.

Во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на Република Македонија“ број 120/18), во член 182 по ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи: „(3) Со влегувањето во сила на овој закон забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 од овој закон, ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги – се вели во законското решение.

Токму намалувањето на прагот за плаќање во готовина беше еден од клучните владини адути во борбата против сивата економија. Министерството за финансии најпрво го намали прагот за плаќање во готово од 15.000 на 2.000 евра, а потоа се намали на 1.000, а од јуни минатата година на 500 евра.

Вака утврдената одредба во периодот од нејзината примена од 1 јуни 2019 година до денес предизвика ограничувања за голем број на граѓани, кои согласно со своите потреби правото за плаќања со готовина за стоки и услуги за износ поголем од 500 евра во денарска противвредност не можат искористат заради ограничувачката одредба која наметнува дополнителини обврски за граѓаните. Заради ограничувачкиот законски износ во многу секојдневни ситуации со кои се судираат граѓаните потребна е предметната измена на законот и нејзино усогласување со правните прописи за вршење на готовински плаќања со земјите од Европската Унијакако што се: Белгија, Италија, Унгарија, Чешка, Полска, Латвија, Словенија и други – се вели во образложението.

Тогашниот министер Драган Тевдовски ја искажа примената на оваа мерка како една од причините за позитивниот извештај на Европската комисија за борбата со сивата економија.

Претходно «
Следно »