ВЛАДИКАТА АГАТАНГЕН: Некој манипулира со Синодот на МПЦ, архиереите и со народот, но вистината секогаш победува

Поврзано

ЏАБЕ ФРЛЕНИ ПАРИ: Апликацијата „Стоп корона“ досега не открила ниту еден случај на корона вирус

Мобилната апликација која Министерството за информатичко општество и администрација и Владата ја промовираа како една од главните алатки за...

ИМАМЕ СО ШТО ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ: Македонското младинско таеквондо во светскиот врв

Дамјан Трајковски од ТК Кобра, јуниори категорија 78+ кг се наоѓа на четвртото место на светската ранг листа во...

Македонија секојдневно ја тресат со информации некои се вистинити, некои се лажни, но последнава околу МПЦ е лажна затоа што на светиот архиерејски Синод се донесе одлука да се прати писмо до вселенската патријаршија и да се побара само автокефалност, признавање на нашата света македонска православна црква како автокефална, вели владиката Агатангел.
Можеби некој си игра и во Синодот, не можам да тврдам, ни да напаѓам, не сакам да си ја грешам душата, но може некој манипулира и во Синодот со нас архиереите, со народот, со верниците, со свештенството. Но ќе испадне тоа на виделина, вистината секогаш победува, не можеме да се сокриеме зад вистината. Можеби претпоставуваме кои се тие луѓе, но времето ќе покаже – изјави владиката Агатангел во емисијата „Ѕид“ на „Алфа“ телевизија, зборувајќи за последните информации дека МПЦ се откажува од името Македонска Православна Црква како и за барањето од БПЦ да биде мајка ќерка на МПЦ.

– Македонија секојдневно ја тресат со информации некои се вистинити, некои се лажни, но последнава околу МПЦ е лажна затоа што на светиот архиерејски Синод се донесе одлука да се прати писмо до вселенската патријаршија и да се побара само автокефалност, признавање на нашата света македонска православна црква како автокефална – вели владиката Агатангел.

Според него не постои член на Светиот Архиерејски Синод кој ќе отстапи од светото македонско име на Македонската Православна Црква затоа што таа е тврдина и столб на државата. Тврдина и столб за вистината за македонскиот народ, тврдина и столб на сите оние кои се чувствуваат Македонци.

– Никој не ни размислува да се откаже од Македонската православна црква бидејќи тоа е името на нашата држава, на нашата црква, ние сме и национална црква на овој наш македонски народ. Но, цела година сме потресени од разни напади, изјави, неправди понижувања, измами, но мислам дека ќе опстоиме – нагласи владиката Агантангел.

Во врска со договорот со Бугарија и барањето на МПЦ до БПЦ за мајка ќерка тој посочи дека договорот со Бугарија кога државата го потпиша, Синодот не го прифати и излезе со соопштение, но наредната седница некој се појавил со идеја да се бара од Бугарската патријаршија да биде црква мајка и затоа додава дека постојат големи шанси некој да манипулира со Синодот на МПЦ.

Актуелно

ФИЛИПЧЕ: Во Македонија имаме 180 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. - Скопје 109 - Куманово...

КАТАСТРОФА: 177 нови случаи на коронавирус во Македонија!

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245 тестa. Истовремено, 8 пациенти се излекувани,...

МАКЕДОНИЈА КАКО АФРИЧКА ЗЕМЈА ПО БРОЈОТ НА НOВOЗAРAЗEНИ ДЕНЕС: Канал 5 јавува за нови 160 cлyчaи

Нашиот извор кој сака да остане анонимен а е од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на...

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека ако не одговараш барем нема...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

Повеќе вести