ВЛАДИКАТА, ГРАВОТ И КОЛБАСОТ: Неверојатна приказна од вистинска случка на епископот Андреј

Поврзано

(Видео) НЕОБИЧНО ПРИЈАТЕЛСТВО: Кучето Медо си донесе срнче од шумата

Верувале или не, нешто невидено се случи: кучето Медо донесе мало срнче во домот на Кире Радески, кој неколку...

ПРИРОДЕН ФЕНОМЕН НЕ ОЧЕКУВА ВЕЧЕР: По 21 часот ќе можете да го погледнете зaмрaчyвaњeтo на Месечината

Помрачување на Месечината се случува кога Месечината е полна, а нејзината светлина е блокирана од сенката на Земјата. Тоа...

(ВИДЕО) ПРЕКРАСНА ГЛЕТКА: Делфини го разубавија брегот на Халкидики

Во Грција уживал и морскиот свет во периодот пред да се отворат плажите – камерите уловиле делфини како уживаат...

Колку да се потсетиме на онаа човечка, дека за луѓето не треба да судиме туку-така и од прва – пишува сајтот „Офф.нет.мк“, пренесувајќи ја неверојатната приказна на епископот на СПЦ Андреј

„Бев во Цирих и требаше да патувам за Виена. Возот, за жал, веќе беше отиден а следниот тргнуваше дури за еден час. Ја искористив приликата во еден ресторан да го јадам мојот омилен комплет- грав со кобасица. Платив на благајната, ја однесов чинијата на маса и – заборавив лажица. Станувам, земам лажица и кога се вратив, гледам на моето место седнал некој човек кој се служи со мојата чинија!

Гледам, што е сега ова, да не е скриена камера? Гледам околу себе и си викам, пази, сега веројатно сакаат да ја видат твојата реакција….

Седнувам карши него, гледам како го јаде мојот колбас и мојот грав и го прашувам:
– Вкусно ли е?
– Многу.
– Баш ме радува“.

Решил владиката малку да глуми, почнал да прави муабет со човекот па по некое време го прашал дали може да добие малку од колбасот, чисто да проба. Човекот го погледнал, пресекол парче, го набодел на чепкалка и му додал. И натаму убеден дека е некоја скриена камера, владиката ја земал својата лажица и прашал дали може да проба и од гравот. „Може, може, нормално“, му рекол човекот и почнале да го делат оброкот.

“На крајот, откако сè изедовме, човекот стана, отиде до касата и се врати на масата со две кафиња. Ги испивме кафињата, тој ништо не зборуваше, стана, се поклони и замина по свој пат. Неколку моменти подоцна, гледам дека покрај мене ми го нема куферот! Па гледам дека ми ја нема и чантата! Ме собра! Отидов до касата да барам помош, човекот ми украде и куфер и чанта!

– А не, не, ми вика касиерката, ене ви го куферот онаму“.

Во тој момент владиката се врти и му станува јасно – цело време седел на погрешна маса! Неговите торби и неговата чинија, со негибната кобасица и грав цело време биле на соседната маса. Потрчал по човекот но тој веќе бил заминат.

Владиката Андреј е епископ на СПЦ, човек кој знае 9 јазици, свири гитара и сака да раскажува приказни.

Актуелно

ФИЛИПЧЕ: Во Македонија имаме 180 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. - Скопје 109 - Куманово...

КАТАСТРОФА: 177 нови случаи на коронавирус во Македонија!

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245 тестa. Истовремено, 8 пациенти се излекувани,...

МАКЕДОНИЈА КАКО АФРИЧКА ЗЕМЈА ПО БРОЈОТ НА НOВOЗAРAЗEНИ ДЕНЕС: Канал 5 јавува за нови 160 cлyчaи

Нашиот извор кој сака да остане анонимен а е од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на...

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека ако не одговараш барем нема...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

Повеќе вести