January 17, 2021, 10:08 am

ВЛАДИМИР ПУТИН: Соработката со Турција и Ердоган се продлабочува и добива значаен карактер

Поврзано

Фејсбук и инстаграм ги одблokираа профилите на Трамп

Фејсбук и Инстраграм му ги вратија профилите на актуелниот американски претседател Доналд Трамп кому му беа претходно блокирани. Претходно, Марк...

(Видео) Илјадници мигpaнти од Хондурас се упатија кон американските граници

Илјадници мигранти од Хондурас во колони тргнаа кон американските граници надевајќи се дека новиот претседател, Џо Бајден, ќе ги...

Hoceл доволно opyжје за цела чeтa: Уапceн потенциjaлен атентaтop на Бајден во Вашингтон

Полицијата во Вашингтон, во петокот, уапси маж од Вирџинија, кој наводно се обидел да помине низ безбедносен пункт со...
- Advertisement -

Рускиот претседател, Владимир Путин нагласи дека односите меѓу Русија и Турција се продлабочуваат и добиваат позначаен карактер и дека соработката за решавањето на сириската криза е одлична.

“Нашите односи со Турција се здобиваат со се повеќе и повеќе суштински карактер. Не зборувам за нашите редовни контакти и состаноци со претседателот, Ердоган. Јас би сакал да потенцирам дека ја продлабочивме економската соработка и  во решавањето на специфичните регионални прашања и решавање на сериозни прашања, како што кризата во Сирија “, изјави Путин на состанокот со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за национална одбрана Хулус Акар.

Од друга страна, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги пренесе поздравите од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакнувајќи дека Ердоган го очекува Путин во Турција и го потсети Путин за договорот со Ердоган дека при посетата на Истанбул ќе одат на риба

“Вашиот драг пријател, г-дин Ердоган, ви испрати честитки и најдобри желби и ве очекува наскоро во Истанбул. Имате договор да одите во рибен ресторан “, рече Чавушоглу.

Путин и Ердоган последен пат се состанаа во јули на самитот на БРИКС.

Latest News

Полицискиот час останува во сила во Албанија, продолжува и онлајн наставата

Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19, по анализата на состојбата во последните две недели, одлучи...

More Articles Like This