ВЛАСТА БАРА ИЗГОВОР ЗА БЕГАЊЕТО ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: За Џафери се истечени роковите за предвремени избори заедно со претседателските

  • January 31, 2019

Нема ништо од предвремени парламентарни избори. Веќе истекоа роковите за формирање на техничка влада на 100 дена од парламентарни извори, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска на состанок со новинарите.

Тој додаде дека иницијативата на ВМРО ДПМНЕ за распуштање на Собранието и распишување на нови избори ќе ја остави на дневен ред само кога ќе има потврда со 61 потпис на пратениците дека претходно е постигнат договор за техничка Влада, како што го предвидува Законот, со мандат од 100 дена пред денот на избори.

Според Џафери, ова значи дека нема да има парламентарни со претседателските избори, бидејќи веќе се надминати роковите за техничката влада.

Инаку, СДСМ се уште не го собра Извршниот одбор на партијата за да одлучи за можни парламентарни избори. Од партијата на премиерот Заев продолжуваат да истакнат дека аргументите „за“ и „против“ во партијата се анализираат со иста тежина.

Претходно «
Следно »