ВЛАСТА ВЛЕГУВА ВО НОВ МЕГА-СКАНДАЛ: Нов афера „Големо Уво“ – овој пат на мета обвинителите, ОТА се уште не работи, не се знае кој се прислушкува во земјата!

  • November 30, 2018

Владата на СДСМ која власта ја превзема благодарение на нелегално прислушкувани материјали, повторно влегува во нов скандал со прислушкување. Овој пат, ни помалку ни повеќе, прислушкувани се јавните обвинители цели две години, односно од моментот на формирање на техничката влада, како што изјави шефот на обвинителите до овој момент


Две години обвинителите сместени во објектот покрај кејот на Вардар, биле прислушувани, односно разговорите кои ги вршеле на фиксните телефони биле снимени на два хард диска.Се слушале разговорите на обвинителите кои работат во овие обвинителства, на број околу 70.

Оваа информација на денеш ниот брифинг со новинарите ја сподели републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој истакна дека отвориле пред истражна постапка.

-Првиот разговор е од 30 септември 2016 година, а последниот снимен разговор е сега, рече Јовески.

Она што дополнително ја прави состојбата поалармантна е тоа што органот кој треба да врши контрола врз прислушкувањето во земјата се уште нема започнато со работа, а нема ниту назнаки дека ОТА ќе започне да ја извршува својата функција иако беше предвидено со работа да започнат на 01.11.2018 година.

Од она што го дознаваме ОТА нема ниту опрема, ниту е назначен соодветен кадар, а прислушкувањето на територија на Македонија се одвива непречено, од различни владини и други структури кои имаат пристап до технологија која овозможува следење на комуникации.

„Oд 26.10 до денес на територија на РМ не се спроведува следење на комуникации како посебна истражна мерка во ниту една истрага отворена од ЈО. Ниту една институција задолжена за примена на оваа мерка (БЈБ, Царина, Финансова полиција) согласно ЗКП и Закон за следење на комуникации, не се поврзани со ОТА (која помпезно ја најавија дека стартува на 01.11) ниту пак им е инсталирана опрема и назначен соодветен кадар. УБК си има линк со ОТА и си тера следење по наредби од Врховен Суд под плашт на заштита на уставен поредок и тероризам. Во моментов Република Македонија е земја во која било која организирана криминална група може да прави што сака, а за тоа да нема никакви последици врз нив.“ – вели анонимен извор за Инфомакс.мк

Ова е трет ваков скандал во Македонија, и во сите три почнувајќи од „Големото Уво“ на Верушевски во 2000 – 2001. година, преку „Бомбите“ на Заев во кој беше вклучен Верушевкси, како и прислушкувањето на обвинителите – скандал обелоденет денес, е вмешана СДСМ.

Претходно «
Следно »