ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА БЕЗ ДОГОВОР ЗА СЈО:Нов обид в петок

Поврзано

ФАТЕНИ ЖИВИ-СЕ ЛАЖИРААТ БРОКИТЕ НА НОВОЗАРАЗЕНИ?!: Филипче и градоначалникот на Велес со различни бројки за новозаразени во градот

Денес 4 нови случаи во Велес од корона вирусот. Ова го соопшти денес на прес конференција градоначалникот на општна...

СЕКОЈА ГОДИНА ИСТА ПРИКАЗНА: Дeпoнијaтa во Делчево гopи веќе втора недела-Ситуацијата со дeпoниитe aкyтнa во континуитет во брегалничкиот регион

Револтирани делчевчани остро реагираат за отровните гасови кои што ги емитува делчевската депонија во амбиенталниот воздух веќе подолг временски...

МИЦКОСКИ: Како влада ни велеа дека ја пopaзилe пaндeмијaтa, а денес имаме стотици пaциeнти зaбoлeни од кoрoнaвиpyc

Во интервјуто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше запрашан за обвинувањата од власта дека за сите пропусти државата биле...

Работните групи на власта и опозицијата на вчерашната прва средба не постигнаа согласност околу предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство.

Министерката за правда Рената Дескоска, која ја предводи работната група на власта, по средбата рече дека за нив е неприфатливо барањето СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал, ниту прекинувањето на истрагите и обвиненијата.

-Имавме долга средба со претставниците на ВМРО ДПМНЕ со коишто разговаравме околу Законот за Јавното обвинителство. Клучните разлики се однесуваат на СЈО. Разговаравме член по член, го претресовме целиот закон и ако на другите членови можевме да најдеме заеднички јазик, суштинските разлики останаа во делот на СЈО. Барањето коешто го доставија, СЈО да биде дел од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а не посебно обвинителство е прашање коешто реално не може да биде прифатено, од причина што една од стратешките определби е дека СЈО треба да продолжи како обвинителство, а не како одделение во друго обвинителство, рече Дескоска.

Друга клучна разлика е разликата околу судбинатата на истраги кои се во тек од страна на СЈО, предистражни постапки и обвиненија што се покренати по 18 месеци од предавањето на материјалите.

Според Дескоска, барање за прекинување на овие постапки и потоа нивно, ако треба, одново отпочнување, значи на некој начин губење на голем број докази што би биле сериозни докази во постапки. Со тоа има опасност од неуспешно завршување на многу постапки, а со тоа и амнестирање.

За опозицијата, пак, неприфатливо СЈО да не одговара пред никого и само да создава буџет, кој никој од надвор нема да го контролира.

Менкиноски кој е претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тие се залагаат СЈО да биде одделение во јавното обвинителство за организиран криминал.

-Овој закон навистина има потреба од амандмани за подобрување на работата на јавното обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање. Сметаме дека СЈО треба да биде одделение во јавното обвинителство за организиран криминал. Не се прифатливи одредбите СЈО да не одговара пред никого и сам да си го создава буџетот“, рече Менкиноски.

Тој најави дека до четврток ќе ги достават нивните амандмани на законот.

Двете страни се договориле уште еднаш да ги разгледаат изнесените аргументи, да се преиспитаат ставовите и ако евентуално има одредени поместувања, повторно да се состанат в петок. (МИА)

Актуелно

ФАТЕНИ ЖИВИ-СЕ ЛАЖИРААТ БРОКИТЕ НА НОВОЗАРАЗЕНИ?!: Филипче и градоначалникот на Велес со различни бројки за новозаразени во градот

Денес 4 нови случаи во Велес од корона вирусот. Ова го соопшти денес на прес конференција градоначалникот на општна...

СВЕШТЕНСТВОТО ПОМЕЃУ ВЕРНИЦИТЕ И ВЛАСТА: Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница

Свешетенството во моментов се наоѓа во незгодна ситуација помеѓу помеѓу верниците и власта. Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница. Светиот архијерејски...

ДРАГАН КОВАЧКИ: Ова е крајно нeодгoвоpно однесување кон јавното здравје и животите на секој од нас, за ова се одговара кpивичнo

Ни ја забранија Задушница за да не се ширел КОВИД 19. Сите би се согласиле доколку тие мерки имаат чесна намера. Оти сите сме...

ВЛАСТА ЈА ТEPОPИЗИPA РАШЕЛА МИЗРАХИ: Луѓе во качулки ја cлeдaт екс министерката за труд и социјала

Долго време молчев на темава од причина што не сакав да посветам внимание на оние кои мислат дека со сила можат да ме заплашат...

УШТЕ ЕДЕН ЦPН ДЕН ЗА МАКЕДОНИЈА: Pекорден пик, 127 нoвoзaбoлeни во последниве 24 часа

Македонија бележи црни денови. Регистрирани се 127 новозаболени од Ковид-19 Во последново деноноќие. Ако бројката биде и официјално потврдена ова ќе биде најголем пик од...

Повеќе вести