ВЛАСТА ЛАЖЕ ДЕКА СМЕ БАРАЛЕ АМНЕСТИЈА: Мицкоски тврди дека власта лаже за наводно барање на амнестија, за да дефокусира од сопствените криминали

  • August 7, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето интервју во вестите на Канал 5 истакна дека тврдењата на власта за наводно барање на амнестија од страна на опозицијата се лага.

Мицкоски ги демантираше ваквите тврдења и истакна дека тие кореспондираат со криминалите и скандалозните тендери кои ја тресат владата на СДСМ, а со тврдењето за барање на амнестија Заев и СДСМ се обидуваат да го оттргнат вниманието на јавноста од актуелните скандали.

-Овој дел кој што вие мене ме прашувате коинцидира со периодот исполнет со многу афери во јавноста, коруптивни како што се на пример доделувањата на оние грантови преку оној криминален Фонд за иновации. Потоа тука се оние криминални тендери кои што ги добиваат фирми формирани пред 6-7 дена пред да аплицира на тендер, еве гледаме, сведоци сме како се злоупотребува државен имот за приватни цели. Од прилика тоа беше еден груб обид да се сврти вниманието на јавноста од реалните теми кон некои други теми, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека измените во членовите од Кривичниот законик за кои Заев цело време зборува се токму оние членови според кои функционерите на СДСМ кои сега се огрешуваат пред законот во иднина ќе треба да одговораат. Мицкоски напоменува дека ваквиот криминал не застарува и нема да биде заборавен.

-Вистината е дека токму по тие членови како што кажуваат голем број од овие функционери кои што сега ги злоупотребуваат своите функции ќе одговараат еден ден. И тоа нема да биде заборавено, бидејќи криминал од ваков тип не застарува. Но затоа кога ќе дојде денот ќе дадеме одговор, владата на ВМРО-ДПМНЕ, односно владата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, кој барал, како барал и зошто барал итн. и кој правел во изминатиот период криминали. Она што беше јасно гласно и транспарентно од страна на ВМРО-ДПМНЕ побарано беше Законот за финансирање на политичките партии, потоа беше тука, техничката влада која што кореспондираше со пржинскиот модел и порано уште во март месец тоа беше претседател на Државната Изборна Комисија, заклучи лидерот на опозицијата.

Претходно «
Следно »

loading…