ВЛАСТА ЌЕ ФОРМИРА УШТЕ ЕДНА РАЗУЗНУВАЧКА АГЕНЦИЈА: СДСМ формира пандан на УДБА која ќе следи се што прават граѓаните!

  • December 24, 2018

Многумина историчари, но и ентузијасти кои ја проучувале историјата коментираат дека последниве две години владеење на СДСМ многу наликува на владеењето на комунистичкиот еднопартиски режим во Македонија за време на Југославија. Владеењето на СДСМ изминатите 2 години го карактеризираат монтирани политички противници против неистомислениците на власта, притвори и судски процеси за припадници на опозицијата, актери, режисери, доктори и други членови на авангардата кои можат да понесат народ, против ненародниот режим на Зоран Заев.

Во Македонија власта и денес незаконски прислушкува и следи, а потврда ни даде и последниот скандал со прислушкување во Основното Јавно Обвинителство. Наводните реформи во УБК и создавањето на ОТА само го одалечија погледот на јавноста од целата слика, а обичниот граѓанин не може да ја видите шумата од дрвата и да го согледна фактот дека во Македонија и во моментов на големо се прислушкува.

Сепак држаниот апарат кој во моментов е под целосна контрола на Заев очигледно за него не е доволен. Имено според последниоте информации кои пристигнаа до Инфомакс, власта планира да формира нова агенција за разузнавање која ќе следи што македонските граѓани ќе прават во своето секојдневие. Како што СДСМ е наследника на КПМ, така оваа агенција ќе биде наследник на инфамозната УДБА. Според пеколниот план за кој ние први информираме, кадрите кои ќе бидат вработени во новата агенција за разузнавање ќе бидат бирани по партиска линија, од веќе инсталираните кадри во МВР.

Оваа агенција ќе има за цел буквално да ги следи граѓаните во чекор и да го обезбеди владеењето на СДСМ во наредната деценија. Како што на времето не смеело да се говори против Тито и Колишевски, денес нема да смее да говори против Заев и Вицето. Се е исто само него го нема, комунистите повторно го судат Ченто, само овој пат место Методија Андонов, неговиот внук Јане!

Претходно «
Следно »