Влacтa вo cocтojбa „Sh*t Нits Thе Fаn“

Поврзано

Koлyмнa нa Трифун Костовски: Ocвecтyвaњe

Би сакал, денес, во мојата колумна да се осврнам на две суштински работи кои мене лично ме засегаат, a претпоставувам...

Koлyмнa нa Ристо Никовски: Македонија мopa дa oдгoвopи нa бyгapcкaтa aгpecиja

По осамостојувањето, македонската надворешна политика нема многу аргументи за фалење. Правени се бројни грешки, од кои добар дел непростливи...

Македонците се реалност, а Бугарија е фрустрирана – Заев да не коленичи!

Достоинството на државата нема цена Зоран Заев е на пат да ги урне столбовите на државата, народот, нацијата. Пробните балони...
- Advertisement -

Еден вид хомокретренизација на квадрат од Филичче….хомокретенизација на куб од Шекеринска…Сума сумарум дно на дното.

Изразот од насловот е еден вид политичко-правна, економско-социјална и здравствена калакурница. Во превод ПАДНАЛО ГОМНОТО НА ВЕНТИЛАТОР(метафора на Светислав Басара). Знаете, тоа е метафора за состојба во која неочекуваното откривање на фактите кај власта предизвикува панично-хистерични реакции за оние за кои тие факти се непријатни.
Така:

Слушаме Македонија има план за набавка на вакцини, ама вакцини немаме. Министерот Филипче не убедуваше дека на средината на јануари вакцините доаѓаат. И, еве, ни јануари, ни бутур. Вакцинирање јок.

Заев првин ќе изјави дека не се преговара со Кина и Русија за вакцини, а подоцна ќе дознаеме дека владата го задолжила Филипче да преговара со Кина и Русија за набавка на вакцини. А се сеќавате, кога Русите му нудеа вакцини на Филипче, тој се правеше на Енглес. Ќе сме набавувале само од ЕУ. И сега 883 000 вакцини од КОВАКС системот на ЕУ – порачани се. А тој, системот КОВАКС, цркна и пред да проработи. Па 800 000 илјади од Фајзер…Те Бугарија ни се нуди да ни даде вакцини, ама условува, море од Србија само што не пристигнале вакцините…Грција веќе ни испраќа вакцини, ама никако да пристигнат.

Се сеќавате, тоа е како со Годо, кој се очекува да дојде, ама го нема, и го нема, и го нема…не доаѓа. Зортот е голем, слушаме добри биле и кинеските вакцини. На крај руските ќе испаднат најдобри, ама ако ги има. Србија и Вучич сакаат да ни дадат вакцини, примопредавањето е закажано за на граница и во последен момент е откажано. Бати тоа баксузите. Фајзер бара уште документи. Целосно потфрлување на власта за вакцините. Утка како и со респираторите. Хомокретенизација на дело. Море и на квадрат.

И сега пазете, во приказната влетува Шекеринска. Од небо па во ребра. Со манир на искусен политичар ќе рече дека вакцини нема бидејќи владата не знае колку луѓе ќе сакаат да се вакцинираат. Дно! Ќе додаде дека таа и владата не штитат од експерименти, и “ќе остане жива“. Демек можевме, ама за добро на сите не набавивме вакцини.
Дно на дното. Ова веќе е хомокретенизација на куб.

А вистината е дека здравствената политика во врска со КОВИД-пандемијата е никаква, стратегијата мизерна, а набавката на вакцините карикатура. И сега, дали е ова држава во која сакате да живеат вашите деца? дали оваа власт ги исполнува ветувањата? дали оваа власт се држи до зборот што го дала? дали можеме со мирно срце да и ја препуштиме целата моќ на оваа владеачка гарнитура?

Не, никако! Власт што зборува, кажува, негира, не е вредна за нашето внимание.

Воопшто не ја заслужува нашата доверба.

Зошто?
Затоа што го изгуби контактот со стварноста. Тотално одлепи.
Ги заборави грижите на обичните луѓе. За нив има амнезија.
Ја приватизира и ја продава државата. Тоа се шиткачи.
Го понижи и обесправи народот. Образот и е ѓон, свеста замрзната, а совест нема.
А моралот? Непозната категорија.

Сотир Костов

П.С.
Во моментот на пишување на колумната на телевизија гледам конечно вакцините од Србија, Вучич му ги предаде на Заев. Ајде аирлија! Можеби конечно ќе и тргне на власта.

Latest News

Тасева: Високата kopyпција е во високите ешалони на власта

Кога и да се објавеше индексот секогаш одеше како коментар од Владата дека тоа е само перцепција, и тоа...

More Articles Like This