ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Заев да ги врати украдените 8 милиони евра и да се соочи со правдата

  • April 22, 2016

СДСМ како партија експерт за корупција треба да ги потсети граѓаните дека Македонија во време на нивното владеење беше на 106-тото место на листата на Транспаренси интернешенал за Индекс на корупцијата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
vmro-dpmne-infomaks

Денес Македонија се наоѓа на 66-тото место на истата листа. Толку од волјата на СДСМ да се бори со корупцијата и кредибилитетот да зборува на оваа тема, се додава во реакцијата.

Во продолжение го пренесуваме текстот интегрално:

“Најновиот коруптивен метод на СДСМ го промовираше аболицираниот криминалец Зоран Заев и се вика „Едно евро за Вицето“.
“Аболицираниот криминалец Зоран Заев наместо од позиција на крадец да повикува на фаќање на крадците, треба да ги врати 8-те милиони евра кои ги украде во случајот „Глобал“, да се соочи со правдата и заслужената казна за овој грабеж, па истото да го стори за сите други случаи во кои се сомничи за корупцијата, која стана потпис на неговото работење.

Претходно «
Следно »