ВМРО-ДПМНЕ:Дури и студент од прва година на правни студии ќе воочи дека делото тероризам, е политички монтиран случај

  • January 2, 2018

Десетици неосновано притворени граѓани наместо со своите семејства новата година ја поминаа во ладни ќелии. Тие се жртви на класичен политички прогон. Овие луѓе ја чувствуваат инквизицијата на 21 век на сопствена кожа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Притворените граѓани се лишени од загарантираните човекови права, а постапката против нив е противзаконска и неоснована уште од самиот почеток. Непочитувањето на законите при нивното притворање, го потврди и Народниот правобранител. Факт кој остана премолчен од ОЈО и судот.

Кршењето на законите и непостоењето институција која ќе ги заштити нивните права е ситуација со која се соочуваат овие недолжни граѓани. Целиот случај кој им се става на товар е конструкција и служи за втерување на страв кај секој што ќе помисли да биде критички настроен.

Правично судство е право на граѓаните и обврска за судиите. Судиите не смеат да се ставаат над законите и да спроведуваат нечија агенда притоа кршејќи го законот.

Судот како гарант на законитоста во постапката е должен да се издигне над притисокот. Судот има шанса да му стави крај на политичкиот прогон и да ја одбрани демократијата. Судот мора да ги согледа правните аргументи и фактичката состоба, да се води од вистината и правичноста и согласно закон да ги укине притворите.

Судиите треба да знаат дека ваква политичка конструкција ќе биде осудена од сите меѓународни фактори и ЕСЧП.

Дури и студент од прва година на правни студии ќе воочи дека делото тероризам, за кое се товарат луѓето од 27 април е политички монтиран случај. На Република Македонија и е потребно владеење на правото и општествено помирување, а не генеза на омраза преку злоупотреба на институциите.

Демократијата и правната држава се право на граѓаните и тоа не смее да им биде скратено. Само така ќе воспоставиме доверба во институциите на системот и ќе создадеме општество за сите.

Претходно «
Следно »