ВМРО-ДПМНЕ:Очигледна е нервозата на СЈО заради фактот што знаат дека не поседуваат никакви докази

  • June 28, 2017
  • Коментари

 Очигледна е нервозата на СЈО заради фактот што знаат дека не поседуваат никакви докази и затоа со  лажни и клеветнички изјави несвојствени за едно обвинителство се обидуваат да ја покријат својата пристрасност и непрофесионалност, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Андреј Жерновски и Фатиме Фетаи.

-Неверојатно е што денес кога по интервенција на СJO се одложи рочиштето, токму тие напаѓаат и обвинуваат друг за истото. Доколку не беше интервенцијата на СJO денес рочиште ќе имаше, и брзо ќе можеше да се види вистината, но и лагите и конструкциите на СJO како и на измамникот Жерновски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СJO и владејачката гарнитура, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ, во континуитет преку јавни изјави и заплашувања врши притисок врз судот.

-И покрај тоа што и ние како и целата јавност сме свесни дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ се предмет на типична политичка хајка и прогон, и Никола Груевски и останатите уредно и редовно изразуваат почитување на судот и на законските процедури, и притоа не смислуваат квази алибија од типот на некакви не постоечки средби со шофери на амбасадори, конзули и други видови на неодржливи правдања. ВМРО-ДПМНЕ и нејзините членови се убедени дека секогаш ги почитуваат и ќе ги почитуваат законите, а времето ќе покаже дека сето ова што организирано го прават СДС и СЈО се само груби и неумесни конструкции и класично политички монтирани случаи, стои во реакцијата.

Што се однесува до  најнеспособниот и наjмрзлив градонaчалник во Македонија, градоначалникот на Центар Жерновски, кога тој би бил посветен на работа, колку што е посветен на давање на клеветнички изјави и манипулација, тогаш општина Центар би  имала многу повеќе проекти за граѓаните.

-Тој мисли дека колку повеќе збори на други теми, толку помалку ќе се гледа неговото неработење и безделничење. Жално е што еден градоначалник единствено по што може да биде актуелен се невистините и конструкциите кои ги прави, а не проектите и решавање на проблемите., реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно «
Следно »