ВМРО-ДПМНЕ:СДС со предложениот ребаланс на буџетот го зголемува задолжувањето на Македонија

Поврзано

БЕВ ВО РЕСТОРАН, И ЌЕ СИ ПЛАТАМ КАЗНА: Мицкоски на Фејсбук жали што во услови кога имаме 100 заболени од корона, власта се занимава...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот ФБ профил вечерва ја потврди информацијата дека во текот на попладневните часови...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: Ребалансот на буџетот е целосно промашен

Комплетно е промашена пресметката на приходите во ребалансот на буџетот истакна техничката заменик министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: Зошто Македонија плаќа поскапа камата на кредитите од Србија?

Техничката заменик министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во гостувањето во телевизија Алсат истакна дека соседна Србија добила заем...

Антиреформската влада на СДС со предложениот ребаланс на буџетот го зголемува задолжувањето на Македонија. СДС, Драган Тевдовски и Зоран Заев кои со месеци наназад зборуваа за нивната загриженост дека Македонија е презадолжена земја, сега откако дојдоа на власт предлагаат ребаланс на Буџет во кој предвидуваат поголемо задолжување на државата до крајот на годината за 150 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Уште во првиот месец дена откако дојдоа на власт ја задолжија државата 60 милиони евра. Според плановите на Заев, до крајот на годината, секој ден граѓаните на Република Македонија кога ќе се разбудат државата ќе биде задолжена за нови 1,2 милиони евра повеќе од планираното. Во ставката домашно задолжување владата на СДС планира наместо 17,8 милијарди денари да се задолжи за 20,7 милијарди денари. Тоа се нови 48,3 милиони евра долг кон домашните доверители. Во ставката задолжување кон странство Владата на СДС планира наместо планираните 12,3 милијарди денари да ги задолжи граѓаните со 18,4 милијарди денари. Со ова планираат да не задолжат дополнителни 100 милиони евра повеќе кон странски доверители, стои во соопштението.

СДС, се додава, ги лажеше граѓаните на Република Македонија.

-Ветуваа дека нема да се задолжуваат, а сега со ребалансот им најавува дека за само 5 месеци ќе го зголеми планираното задолжување за речиси 150 милиони евра. Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат зошто државата се задолжува со толкава сума и каде СДС ќе ја потроши. Луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници не смее да биде на трошок на граѓаните. Граѓаните со право се прашуваат зошто СДС планира да го зголемува долгот, а притоа реализира ништо од ветеното, се додава во партиското соопштение.

Актуелно

ФАТЕНИ ЖИВИ-СЕ ЛАЖИРААТ БРОКИТЕ НА НОВОЗАРАЗЕНИ?!: Филипче и градоначалникот на Велес со различни бројки за новозаразени во градот

Денес 4 нови случаи во Велес од корона вирусот. Ова го соопшти денес на прес конференција градоначалникот на општна...

СВЕШТЕНСТВОТО ПОМЕЃУ ВЕРНИЦИТЕ И ВЛАСТА: Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница

Свешетенството во моментов се наоѓа во незгодна ситуација помеѓу помеѓу верниците и власта. Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница. Светиот архијерејски...

ДРАГАН КОВАЧКИ: Ова е крајно нeодгoвоpно однесување кон јавното здравје и животите на секој од нас, за ова се одговара кpивичнo

Ни ја забранија Задушница за да не се ширел КОВИД 19. Сите би се согласиле доколку тие мерки имаат чесна намера. Оти сите сме...

ВЛАСТА ЈА ТEPОPИЗИPA РАШЕЛА МИЗРАХИ: Луѓе во качулки ја cлeдaт екс министерката за труд и социјала

Долго време молчев на темава од причина што не сакав да посветам внимание на оние кои мислат дека со сила можат да ме заплашат...

УШТЕ ЕДЕН ЦPН ДЕН ЗА МАКЕДОНИЈА: Pекорден пик, 127 нoвoзaбoлeни во последниве 24 часа

Македонија бележи црни денови. Регистрирани се 127 новозаболени од Ковид-19 Во последново деноноќие. Ако бројката биде и официјално потврдена ова ќе биде најголем пик од...

Повеќе вести