ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ НА АНКЕТИТЕ: Мицкоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозна предност на анкетите!

  • July 12, 2018
  • Коментари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ рече дека според нивните анкети ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ кај граѓаните.

-Анкетите ќе ги објавиме во јули, имаме сериозна предност пред СДСМ – изјави Мицкоски.

Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е на терен со граѓаните, односно дека се формирани околу 1500 тимови чија задача е да се запознаат со реалните проблеми на граѓаните. Појаснува дека сите тие реални проблеми ќе бидат во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицискиот лидер додаде дека суштината која ВМРО-ДПМНЕ како современа десна партија треба да ја продолжи е и понатаму да ги брани националните и државните интереси.

Претходно «
Следно »