ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните по кој знае кој пат се излажани од СДСМ

  • February 26, 2018

Граѓаните по кој знае кој пат се излажани од СДСМ. Повисокиот животен стандард, обезбедување на нови работни места, плата од 500 евра изгледа никако да пристигнат во Република Македонија., велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ очигледно е скаран со реалноста. Зборуваат за некакви економски успеси кој никој не ги видел ниту пак дале некакви резултати, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо да се занимаваат со напади кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, СДСМ да почнат да работат на тоа како да го подобрат животот на сите оние кои гласааа за нив. Очигледно СДСМ почнува да го губи тлото под нозете. Девет месеци се на власт, економијата е во слободен пад нема нови вработувања, задолжувањето е во постојан раст додека трошоците секојдневно растат. Пред да напишат нешто на СДСМ им препорачуваме прво да се преслушаат самите себе. Кредитниот рејтинг е вратен на нивото на кое беше претходно. Тој беше намален од вештачки наметнатата политичка криза што токму ја наметна СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ во време кога беше власт ја намали невработеноста од 36% наследени во време на СДСМ на 22 %. Ова се бројки за кои СДСМ може да сонува дека некогаш ќе ги достигне., стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека оваа Влада не е успешна во речиси ништо.

-Планот за еконски раст никако да дојде. Ваков пустош во економијата каков што има сега не е забележан во Европа. Додека економиите низ Европа и нашето соседство забележуваат добри резултати СДСМ се фалат со раст на економијата од 0%. Граѓаните по кој знае кој пат се излажани од СДСМ. Повисокиот животен стандард, обезбедување на нови работни места, плата од 500 евра изгледа никако да пристигнат во Република Македонија., велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно «
Следно »