ВМРО-ДПМНЕ: Да се санкционираат побудувањето на националистичките страсти и ширење на етничката нетрпеливост

Поврзано

„Заев се богатеше со рекeтирани милиони, а младите оcиромашуваа и ја нaпуштаа Македонија“

Зоран Заев МОЖЕШЕ но ништо не направи за младите во Македонија. Тој ги изнeвери младите, особено оние кои ги...

Јанушев: Земјоделците ќе бидат приоритет за нас

Она на што се обврзуваме пред оризопроизводителите е висока и стабилна откупна цена на оризот и оризовата арпа. Субвенциите...

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ се oбвpзувa дека по 15 јули ќе биде во постојана комуникација со бизнис секторот и ќе разменува предлози, мислења и идеи

Дополнителниот заменик министер за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска-Кочоска овој викенд беше во посета на кожарската фабрика...

ВМРО-ДПМНЕ денеска го осуди и побара надлежните органи да го расчистат вчерашниот инцидент на фудбалскиот натпревар во скопски Чаир, во кој, наведуваат, се промовираше мапа со голема Албанија во чии граници има и делови од Република Македонија.

vmro-1

ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна на прес-конференција Жаклина Пешевска од оваа партија, бара надлежните да го санкционираат побудувањето на националистичките страсти и ширење на етничката нетрпеливост.

Пешевска  потенцира дека тоа е втор таков случај на оспорување на територијалниот интегритет и суверенитет за кус период, откако пред  неколку недели во центарот на Куманово од јарбол беше симнато македонското државно знаме и на негово место беше развиорено знамето на Албанија.

– Најголемата одговорност за ваквите напади кон Македонија и македонскиот народ и кон сите државни и национални обележја лежи токму во сервилниот, поданички и антидржавен однос на криминалецот Зоран Заев. Само за да се дограби до власт, иако загуби на декемвриските избори, Заев ги прифаќа сите антимакедонски уцени и се согласува на сите отстапки кои одат на штета на државните и националните интереси. Заев е убеден дека доколку ја реализира тиранската платформа и доколку молчи за симнувањето на македонското знаме, мапите на голема Албанија или изјавите на Зијадин Села, ќе успее да формира тиранска Влада и да се спаси од кривична одговорност за криминалите што ги има направено, рече Пешевска.

ВМРО-ДПМНЕ, како што наведе Пешевска, апелира до раководството на СДСМ да ја отфрли тиранската платформа и да прифати нови парламентарни избори, на кои граѓаните ќе кажат што мислат за таа платформа.

Актуелно

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Иловица

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите на Иловица. Неговото обраќање...

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Василево

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите на Василево. Неговото обраќање во живо можете да го...

(Видео) Шекеринска e поголем лaжгo од Зоран Заев

Денес на Јутуб беше објавено видео кое ги демантира сите обвинувања на Радмила Шекеринска кон Инфомакс за ширење на наводни лажни вести. Имено на...

Се намалува бројката, 78 нови зapaзени од Koвид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на позитивни на Ковид-19. Во истиот период се починати пет...

(Видео) Шекеринска и Јанева во домот на Боки 13, сепак не се познавале само од телевизија

На мрежата Јутуб се појави видео на кое што се гледа вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во друштво на Катица Јанева и...

Повеќе вести