ВМРО-ДПМНЕ: За секој сторен криминал Заев ќе биде казнет

  • January 20, 2017

Заев сака да не ја плати и казната за поразот на избори и да ја поднесе оставката која им ја вети на своите членови ако загуби на избори. Заев и СДСМ се поразени, но тој како и стопати досега повторно бега од своите зборови и ветувања, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

vmro

„Откако десетти пат по ред изгуби на избори, на СДСМ му остана единствено да го спасува двојно-аболицираниот Заев од криминалот во кој што е заглавен до гуша.

Заев не ја плати својата казна за криминалот во Глобал тежок 8 милиони евра бидејќи беше аболициран од Бранко Црвенковски. Заев не ја плати својата казна за обидот преку уцени и закани да ги киднапира институциите, бидејќи беше аболициран од Катица Јанева и СЈО, иако за истото дело веќе има признанија од неговите соучесници и се изречени затворски казни.

Правдата важи за сите освен кога е во прашање аболицираниот криминалец Заев кој постојано со срамна помош на неговите соучесници ги изигрува институциите и им се смее во лице на граѓаните кои за многу помали дела лежат во затвор, а тој за огромни криминали ужива на слобода.

Заев не ја плати казната за криминалната тендерска мрежа во Струмица преку која се испумпан милиони и милиони евра пари на струмичани. Заев не ја плати казната за бесрамното изнудување мито по принципот „евро за Вицето“. Заев не ја плати казната за криминалната легализација во Цареви Кули. Аболицираниот криминалец Заев нема вечно да може да бега и да биде спасуван од неговите сопартијци, специјални соучесници во криминалот и разни портири во конзуларни претставништва кои му служат за изговор секогаш кога ќе бега од судот и правдата. Заев ќе одговара за секое злодело во кое учествувал“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно «
Следно »