ВМРО-ДПМНЕ НАЈАВУВА СОРАБОТКА СО МАТЕО САЛВИНИ: Александар Николоски на средба со Салвини во Рим и Ватикан

  • October 10, 2019

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од денеска до сабота престојува во работна посета на Рим и Ватикан, информираа од ВМРО-ДПМНЕ. Николоски ќе учествува на состанокот на Извршниот комитет на Центристичката Демократска Интернационала (ЦДИ)- светска организација на центар десни партии во која ВМРО-ДПМНЕ беше примено минатата година. Николоски исто така ќе има билатерални средби со италијански политичари, а ќе има и аудиенција во Ватикан.

-Посетата Николоски ќе ја започне вечерва со работна вечера со Андрес Пастрана- Претседател на ЦДИ, а утре ќе учествува во работата на Извршниот комитет, како и на основањето на Младинска организација на светски десничарски партии. Во рамки на работата на ЦДИ Николоски ќе информира за активностите на ВМРО-ДПМНЕ, реформите во партијата, акцијата Обнова на Македонија како и очекувањата за брзи предвремени избори после кои ВМРО-ДПМНЕ би ја формирало Владата. Ќе информира и за растечката корупција, уништената економија и немањето владеење на правото со Владата на Заев, велат од партијата.

Во рамки на својата посета Николоски утре исто така ќе се сретне со Масимо Кандура- сенатор од партијата Лега на Масимо Салвини, партијата со која ВМРО-ДПМНЕ почнува да гради блиски реалции. На истата ќе се зборува за соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Лега како и меѓу Македонија и Италија.

Извор:
Фокус.мк

Претходно «
Следно »