November 28, 2021, 6:24 pm

ВМРО-ДПМНЕ најaви блoкaда на Собрaнието: Влaста се обидува да прoтне 12 зaкoни со еврoпско знaменце

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска најави дека ќе ја блокираат работата на Собранието, доколку владејачкото мнозинство се обиде да протне 12 нови закони злоупотребувајќи го повторно европското знаменце на законите.

-На тој начин, власта има за цел да си донесе закони без отворена дебата и суштинска дискусија за законите. Власта има за цел да ја оневозможи опозицијата овде во Собранието, да даде издржани и аргументирани забелешки. СДСМ и Заев сакаат сите овие закони да ги протнат без дискусија, шверцерски и недемократски, рече Мицевски.

Според него, меѓу законите е и Предлог – законот за контрола на опојни дроги односно законот за марихуана.

-Колку за информација, овој предлог-закон, власта предводена од Заев, упорно се обидува да го протне во Собранието со една и единствена цел, а тоа е интересот на фамилијата Заеви, познати во бизнисот со производство и доделување на лиценци за одгледување на марихуана, рече Мицевски.

Уште еден закон кој е со европско знаменце е Законот за парнична постапка, а, како што кажа, проблемот во постапката со овој Закон е тоа што усогласувањето со правото на ЕУ се однесува на само неколку членови од вкупно петстотини. Ова, додаде Мицевски, е класична злоупотреба на европското знаменце и демонстрирање на самоволие од страна на власта.

Уште еден, како што го нарече, контроверзен Предлог – закон е за академија на судии и јавни обвинители, кој според Мицевски, пред десетина дена бил поднесен во редовна постапка, па повлечен, за сега преку ноќ, истиот да се поднесе со европско знаменце.

-Очигледно, некому му се брза при изборот на судии и јавни обвинители, рече коодинаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и опозициската партија бараат да се презакажат матичните комисии каде што сите овие закони ќе бидат разгледани во нормална и редовна постапка, со дебата и дискусија и од пратениците од опозицијата.

Latest News

Утре нова средба Заев – Гаши во Клубот на пратениците

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши утре попладне повторно ќе се состанат, потврдуваат од СДСМ за...

More Articles Like This