ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДЛОЖИ ТРИ ЗАКОНИ:Зголемување на платите во администрацијата, укинување на РДТ и јавниот обвинител да го предлага опозицијата

  • July 5, 2017

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија утринава до Собранието на Република Македонија поднесоа три закони во процедура, од кои два се во скратена постапка и се очекува да бидат ставени на дневен ред на денешната седница.

-Едниот закон кој што го предложивме е врз база на изборни ветувања кои што ние сме ги дале во изборните ветувања, додека вториот закон е изборни ветувања кои што СДСМ ги дала на изборите, за да ги потсетуваме дека мора да си ги исполнат ветувањата кон граѓаните и третиот закон е комбинација од ветувања на СДСМ и принципиелни позиции кои што се обидуваме да ги изградиме. Првиот закон е законот за плати на вработените во државна и јавна администрација и подразбира носење на одлука на Собранието за покачување за 5 проценти на вработените и тоа беше изборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ за во јануари 2018 година. Ова е добро да се донесе пред да се усвои буџетот за 2018 година, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Тој истакна и дека за жал новата влада стопирала некои веќе започнати проекти а и предвидува покачување на некои даноци со што е доказ дека државата има пари за усвојување на законот за покачување на платите во јавната администрација за 5 проценти.

-Вториот закон кои што го предлагаме денес е ветување на СДСМ и ние тука си земавме обврска сите ветувања од страна на СДСД која сега ги заборави или ги стави под тепих и да не ги исполни, ние во најмала рака ќе ги поднесеме во процедура како закони за да ги потсетиме дека имаат потреба да го направат тоа. Пред две години СДСМ поднесе закон за менување на аудио и аудио визуелни медиумски услуги, но се однесува на укинување на радио дифузната такса. Целта ни е да ги потсетиме до нивните ветувања, овој закон ако се изгласа денеска ќе значи укинување на радио дифузната такса. СДСМ ветуваше дека веднаш штом ќе дојдат на власт ќе ја укинат радио дифузната такса, но нив веќе трет месец ги нема со ниту една активност, затоа ние денес ќе ги прашаме што мислат во однос на ова нивно ветување, потенцираше Димовски.

Третиот закон тој вели дека го предложиле Зоран Заев и Фросина Ременска, а тоа е законот за менување на јавно обвинителство во Република Македонија и со овој закон ВМРО-ДПМНЕ предлага измени за избор на јавен обвинител.

-СДСМ ветуваше дека јавниот обвинител ќе се одбира по предлог на опозицијата, втората измена која што ќе се обидеме да ја внесеме е јавниот обвинител да се избира со 2/3 мнозинство. Предлагаме предлогот за јавен обвинител да не го дава владата, туку најголемата партија која е во опозиција и за да биде некој одбран за јавен обвинител мора да има 2/3 мнозинство.

Претходно «
Следно »