ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ по втор пат го понижи и деградира Собранието и граѓаните на Македонија

Поврзано

БЕВ ВО РЕСТОРАН, И ЌЕ СИ ПЛАТАМ КАЗНА: Мицкоски на Фејсбук жали што во услови кога имаме 100 заболени од корона, власта се занимава...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот ФБ профил вечерва ја потврди информацијата дека во текот на попладневните часови...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: Ребалансот на буџетот е целосно промашен

Комплетно е промашена пресметката на приходите во ребалансот на буџетот истакна техничката заменик министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: Зошто Македонија плаќа поскапа камата на кредитите од Србија?

Техничката заменик министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во гостувањето во телевизија Алсат истакна дека соседна Србија добила заем...

ВМРО-ДПМНЕ преку пишано соопштение истакнува дека Зоран Заев одлучи да ја сокрие програмата и биографиите од предложените кандидати за министри од анализа и разгледување од страна на јавноста, парламентарната опозиција, стручната фела и новинарите.

vmro-dpmne

– Во вода паднаа најавите за транспарентност и отчетност на СДС и коалициските партнери од новото собраниско мнозинство. СДС по втор пат го понижи и деградира Собранието на Република Македонија за само месец дена. СДС го погази Уставот, Деловникот за работа на Собранието и Закон за Собрание при обидот насилно и нелегално да го изберат Талат Џафери за претседател, а сега срамно закажа седница за избор на влада за само еден ден, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа, се нагласува, претставува недемократски чин кон јавноста и кон Собранието на Република Македонија.

– Изминативе 16 години, во Република Македонија се воспостави една демократска пракса каде се оставало простор од минимум 12 дена помеѓу доставувањето на предлогот за избор на влада и закажување на собраниската седница. Ова е простор за јавна дебата и сериозна анализа на владината програма и предложените кандидати за министри. Ова е простор за подготовка на квалитетна дискусија. Како по обичај СДС и Заев оваа демократска пракса ја погазија и одлучија да се закаже седница за само еден ден, се вели во соопштението.

Се додава дека по сето тоа е јасно дека новата влада не е реформска, туку антиреформска.

– Граѓаните на Република Македонија уште еднаш го видоа вистинското лице на СДС. Тоа е лицето кое ветува најмногу 20 министри, а предлага владин кабинет од 26 функционери, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се потенцира дека ниедна лага не трае вечно.

Актуелно

БЕВ ВО РЕСТОРАН, И ЌЕ СИ ПЛАТАМ КАЗНА: Мицкоски на Фејсбук жали што во услови кога имаме 100 заболени од корона, власта се занимава...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот ФБ профил вечерва ја потврди информацијата дека во текот на попладневните часови...

ГЛУПАВА ОДЛУКА: Зошто Филипче избега од ова прашање?!

“Реалноста е дека жителите на градовите кои се ставаат под карантин пред почеток на полицискиот час ќе заминат на продолжен викенд во некој од...

КОРЕКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕТО НА ВЛАДАТА: Во уште една општина забрана за движење од четврток до понеделник

Во продолжение на 60-тата седница што се одржа денеска, Владата на Република Северна Македонија, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза...

ИСКЛУЧОЦИ ОД ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Полицискиот час не важи за овие категории на физички и правни субјекти

Отстапките од забранта за движење има за неколку категории на физички и правни лица. Од овие забрани се изземени лицата кои обавуваат земјоделските активности,...

(Видео) ДЕТАЛИ ОД ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Карантин за дел од државата, забрана за одење на гробишта за целата земја

Владата на предлог на Комисијата за заразни донесе одлука за воведување полициски час од утре (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни)...

Повеќе вести