October 20, 2020, 2:51 pm

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на повисоки плати за 25%, редовна исплата на субвенциите и развој на земјоделието

Поврзано

Димoвa дoдeлилa скopo 55.000 евра на училиште во кое работат роднини на министерот Маричиќ

Лидија Димова мора веднаш да си даде оставка од позицијата Директор на Националната агенција, бидејќи заглавена е во сомнеж...

Љупчо Пренџов: “Hиe cмe Maкeдoнци oд Република Македонија”

Во вчерашната емисија на Канал 5, "Само вистина", гостуваше пратеникот на ГРОМ, Лупчо Пренџов, каде ги коментираше односите помеѓу...

Стojaноска: Hишто нe фyнкциониpa вp дpжaвaвa, за тоа има еден винoвниk

Утринава на утринска програма на Алфа телевизија гостуваше Дафина Стојаноска, пратеник и заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ...
- Advertisement -

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, носител на Изборна единица 3, Игор Јанушев денеска беше во посета Општина Чешиново-Облешево од каде што истакна дека 15 јули е денот кога СДСМ и Зоран Заев ќе ги пратиме во политичка пензија затоа што тие луѓе ни го украдоа достоинството, гордоста, просперитетот и иднината и а украдоа надежта за подобро утро со што ги натераа младите да ја напуштат Македонија

– Она што ние ви го нудиме во оваа изборна програма се реални проекти, кои во предвидените рокови можат и мора да се реализираат и од тоа не смее да има отстапки. Ќе работиме за повисоки плати за 25% или за 6.500 денари повеќе за сите, ќе ги зголемиме пензиите за 20% или повеќе од 3000 денари повеќе за секој пензионер, ќе ја намалиме невработеноста под 10%, но предвидуваме и многу други работи како поголеми плати за сите професори, наставници, за целиот кадар во образованието, потенцираше Јанушев.

Тој додаде дека тоа што е важно за овој регион и за Чешиново – Облешево, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на редовна исплата на субвенциите и на олеснет пристап до ИПАРД фондовите.

– Се обврзуваме на поддршка на инвестиции за воведување на систем „капка по капка“ и други системи за ефикасно и економично користење на водата, за овчарството ќе биде зголемена поддршката на основната мерка за 50%, односно од сегашните 1000 денари по грло ќе се исплаќа по 1500 денари по грло. Ќе бидат поддржувани проекти за набавка на механизација и опрема за примарно земјоделско производство, како и подигнување на нови и реконструкција на постоечки повеќегодишни насади, но и набавка на добиток од основно стадо, изјави Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ исто така нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи инвестиции за изградба на објекти и набавка на опрема за калибрирање и пакување на производите, мали винарски визби, мини млекарници и мандри и мини погони за преработка на месо.

– Ќе биде поддржана изградба и опремување на капацитети за разладување, пакување и чување на земјоделски производи, за замрзнување и сушење на овошје и зеленчук. И уште многу други проекти за развој на земјоделието и за помагање на земјоделците. Затоа е важно на овие избори да се гласа, само гласот значи желба за промени кон подобро. Затоа од овде, од Чешиново – Облешево да им порачаме дека им се бројат деновите. 15 јули е за помалку од 20 дена од сега. Крајот е извесен. Ќе си ја вратиме Македонија на граѓаните. Гордо и достоинствено, нагласи Јанушев.

Latest News

Одлука на Ченто за окyпиpaнa Македонија

Во 1944 година на 19 септември президумот на АСНОМ носи решение со кое бугарскиот лев и албанскиот лек се...

Србија ce cпpeмa зa aпokaлиптичнo cцeнapиo зa 15 дeнa

Директорот на Клиничкиот центар во Крагуевац, д-р Предраг Саздановиќ, за РТС вели дека епидемијата полека се шири насекаде во Србија. Тој исто така посочува дека...

Димитpoв нajaви пpoмена нa cтaвот кон ЕУ ако не го зaштитaт пpaвото на македонскиот народ на caмоопределување

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров на Фејсбук напиша дека на денешната видео средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ изјавил дека од...

Урсула Фон дер Лајен вo caмoизoлaциja

Портпаролот на Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, призна дека таа ја напуштила Белгија откако одлучила да се самоизолира поради контакт со...

Зафиpoвски за пpoдажбата на Поштa: He дpжaвaта, туку лoшaтa дpжaва е лoш cтoпaн

Неодамна Владата се закани или не знам, можеби се пофали, дека ќе ја продава АД Македонски пошти, а клучната причина е што АД Македонски...

More Articles Like This