August 11, 2020, 11:16 am

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на 640 милиони cyбвeнции и загарантиран oткyп за земјоделците и 4 милијарди домашни и странски инвестиции

Поврзано

Македонија зaрaди нecпocoбноcтa на Заев е цpнa дyпкa во регионот и pизик за цела Европа во однос на ширење на кoрoнaвиpycот

Наместо справување со корона вирусот Заев и СДСМ само го лажат народот. Зоран Заев и владата предводена од СДСМ...

TPПЕНИЕ, СПACEHИЕ – му порача портпаролот на СДСМ на членството

Портпаролот на СДСМ, Коста Костадинов, повикува на трпение. „Трпение, спасение!“, напиша Костадинов вчера попладнето на својот фејсбук профил, откако без...

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Не ги претворајте училиштата во cмpтноcни kластери

Власта на СДСМ воопшто не се грижи за здравјето на учениците, наставниците и вработените во образованието. МОН и Комисијата...
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Петровец од каде што истакна дека Македонија во моментов е окупирана од целосно неспособна и криминална власт предводена од аболицирани политичари до гуша вплеткани во криминални афери и политички криминал

Мицкоски истакна дека на овие избори граѓаните имаат еден избор бидејќи на една страна се наоѓаат неправда, криминал и понижувања предводени од политичари од транзицијата на СДСМ и Зоран Заев, а од друга страна се наоѓа правна држава со чесни политичари од ВМРО-ДПМНЕ чија главна водилка во работата ќе бидат честа и достоинството.

– Ветуваа буквално се, се сеќавате дека велеа ќе донесат живот во Македонија и едно општество за сите, ама излезе едно општество за едно семејство, некако само тоа семејство да живее се поубаво пораскошно и подобро а сите други живеат во беда разочарани да ја напуштаат државата, изјави Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека наместо правда и реформи во правосудството СДСМ донесе „трас трас“ судски одлуки кога требаше да се тргува со честа и достоинството и на брутален го сменија Уставот, носеа закони по мерка на Заев, како и ослободителни пресуди за Поткуп каде што гледавме еден политичар како бараше евро за бате, евро за нешто друго.

– Кога станува збор за обвинителството тука ја проширија и ја надградија работата, донесоа уште поголем срам со куфер Луј Витон и неколку стотици илјади банкноти во евра. Таква реформа донесоа во обвинителството, го трансформираа во Луј Витон обвинителство, а во судството донесоа „трас трас“ реформи кои ним им донесоа слобода, а за граѓаните донесоа репресија страв и криминал, изјави Мицкоски

Тој посочи дека СДСМ наместо мир донесоа немир во душите на нашите сограѓани, сите се сеќаваат како СДСМ и Заев ги злоупотребуваа случаите на Младенов, Нешковски и да ја ветуваат вистината за да потоа се прават дека не го кажале тоа.

Мицкоски истакна дека тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени, ќе донесе вистински реформи во судството и обвинителството бидејќи правната држава е најважна за да може вистински да започне обновата на државата, обнова која ќе има над 1000 проекти со кои ќе се подобри животот на секој еден граѓанин во Македонија.

– Се обврзуваме на минимум 25% поголема просечна плата во рок од еден мандат, минимум 20% поголеми пензии за пензионерите и враќање на стариот закон кога 2 пати годишно растеа пензиите, најнизок данок во Европа од 8%, невработеност под 10%, за младите оние кои ќе вработат човек до 29 години 0% данок, за угостителите и хотелиерите кои се погодени од кризата ќе се намали ДДВ од 18 на 10% до крајот на 2021 година, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се обврза и за студентите ослободување од партиципација во учебната 2020/2021, а нашите иселеници кои сакаат да инвестираат да тие инвестиции ги донесат и бидат безбедни и сигурни.

– Минимум 4 милијарди евра домашни, но и странски инвестиции, реформи во здравството каде што тоа ќе биде ориентирано кон пациентот, ќе најдете минимум 640 милиони евра за земјоделците субвенции, загарантиран откуп и пласман на производот, за да не ги фрлаат производите по реките и патиштата како што тоа го правеа досега, изјави Мицкоски.

На крај Мицкоски нагласи дека за сето ова да може да се случи потребно е да се излезе масовно на 15 јули и да се гласа за број 14 и да се поддржи Игор Јанушев кој ја предводи листата на ВМРО-ДПМНЕ, за да може уште веднаш да започне Обновата на Македонија.

Се обврзуваме на раст на БДП од 4-5% годишно, намалување на невработеноста под 10%, домашни и странски инвестиции во…

Julkaissut Hristijan Mickoski Lauantaina 4. heinäkuuta 2020

Latest News

Се вжeштyвa ситуацијата во Средоземното море помеѓу Грција и Турција

Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Рејс“ и понатаму е со непроменета позција, односно се наоѓа во, како што...

На три недели пред почеток на учебната година уште не се знае cyдбината на учениците

Состанокот, што денеска требаше да го продолжат Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството образование и наука, во врска со протоколите со...

Жена пpeгaзeнa од чeтиpицикл во Гостивар

На 10.08.2020 во 21.00 часот на ул. „Илинденска“ во Гостивар, четирицикл „линај“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.М.(34) од Гостивар удрил во пешак...

Вечерва coбир за спac на Универзална сала

Пред платото на Универзална сала вечерва во 20 часот ќе биде одржан собир во знак на револт откако во јавноста излезе информацијата дека истата...

Филипче за кopoна летот за Финска, најголем дел од патниците патувале со косовски пасош

Венко Филипче на социјалните мрежи го објасни случајот за заболените со Ковид-19 стигнале во турку со лет до Финска. Во однос на информациите за летот...

More Articles Like This