ВМРО-ДПМНЕ СО РЕАКЦИЈА ЗА ПАЛЕЊЕТО ФОТОГРАФИИ: Признанието дека палењето на фотографии на претседателот Иванов е примитивен и антидемократски чин не е доволно

  • March 5, 2018

Признанието дека палењето на фотографии на претседателот Ѓорге Иванов е примитивен и антидемократски чин не е доволно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите што инспирираа и поддржуваа вакво однесување мора да сносат одговорност. Хулиганите блиски до СДСМ пред две години, освен што палеа фотографии, демолираа и уништуваа државни институции. Сега истите преку државните институции уништуваат и уриваат споменици по урнек на Талибанците и ИСИС. Сега истите тие се обидуваат да ги навредат сите Македонци низ светот, поистоветувајќи ги со еден изолиран случај, само заради решителноста да се спротистават на антидржавните политики на СДСМ и срамното тргување со највисоките национални интереси, стои во партиското соопштение.

Од партијата посочуваат дека ваквото деструктивно однесување, невидено за демократска Европа, мора да запре.

Оние кои се смееја и аплаудираа на палењето фотографии треба да си заминат.

Претходно «
Следно »