ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт економијата тоне, граѓаните осиромашуваат, а единствено растат долгот, корупцијата и даноците

  • January 31, 2019

Со СДСМ на власт економијата тоне, граѓаните осиромашуваат, а единствено растат долгот, корупцијата и даноците. Криминалниот картел ја смести државата на дното на Европа и Светот според индексот на корупција. На листата на Транспаренси Интернешнл, Македонија се најде на 93 место во друштво на Гамбија, Косово, Монголија и Панама, податок кој говори дека власта предводена од аболицираниот Заев штити криминал и произведува корупција на највисоко ниво, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека со СДСМ на власт за прв пат во историјата на Република Македонија државниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра, додека пак државниот долг од над 4 милијарди евра.

„Граѓаните стануваат се посиромашни, а на сметка на тоа вицепремиерите си ги зголемуваат своите плати. Пензиите се намалуваат, а пазарџиите кои едвај врзуваат крај со крај сега се товарат со нови трошоци за да можат функционерите на СДСМ да си ги вработуваат своите роднини и фризерки.
И додека власта ја лаже јавноста дека ќе обезбеди економски раст ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5% кои толку многу ги најавуваа.“

-Ги ветуваа Гугл и Фејсбук, а не се способни да донесат ниту една инвестиција. Во ситуација кога г губиме инвеститорите, мораат да се фалат со инвестициите кои владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги договори, а кои претходно секојдневно ги критикуваа.
На граѓаните им е доста од црнилата и злоделата кои ги нанесува СДСМ. Потребни се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските за оваа криминална и ненародна власт да си замине, а Македонија и граѓаните да почнат да напредуваат, се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно «
Следно »