ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе закон за амнестија

  • October 28, 2018
  • Коментари

Предлог-законот за амнестија, што го бара ВМРО-ДПМНЕ, за сите обвинети за упадот во Собранието од 27 април е готов.

Од опозициската партија за повеќе медиуми велат дека овој закон ќе биде доставен до Собранието во понеделник и бара да се носи по скратена постапка.
„Законот за амнестија е изготвен и во понеделник ќе биде поднесен во Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и сите останати ќе имаат можност да го прифатат.
Доколку намерите на СДСМ се искрени сега е моментот да го изгласаат и да го тргнат товарот од сите луѓе што беа дел од случувањата од 27 април“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно «
Следно »