ВМРО-ДПМНE ЈАВНО ГИ ПОВИКУВА ЗАЕВ И ЦАРОВСКА: Присуствувајте на јавната расправа во 12 часот во Собранието на Република Македонија и лично да дадат одговори на повеќе прашања кои ги поставуваат граѓаните и јавност од повеќе општини

  • August 4, 2017

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ јавно ги повикуваат и покануваат премиерот Зоран Заев и министрката за труд и социјална политика Мила Царовска денес да дојдат и да присуствуваат во Собранието на Република Македонија во 12 часот на јавната расправа за владината стратегија и акционен плат за мигрантите, бегалците и странците 2017-2027 година, се вели во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се работи за долгорочни стратешки документи за следните 10 години кои ја засегаат цела Македонија и голем број на општини низ целата држава. Премиерот Заев и министерката Царовска, во својата изјава во Штип минатата недела дадоа јавна и силна поддршка на стратегијата и акциониот план за мигранти, бегалци и странци за следните 10 години. Затоа ги покануваме Заев и Царовска да ја објаснат и образложат својата силна поддршка на Стратегијата за мигранти, бегалци и странци како и да одговорат на голем  број на прашања кои што се важни за државата и за голем број на општини, се вели во соопштението и се додава:

„На минатата јавна расправа заменик министерот за труд и социјална политика Елми Азири, не одговори буквално на ниту едно поставено прашање вклучувајќи и колку милијарди евра од Буџетот на Република Македонија ќе се наменат за спроведување на стратегијата во следните 10 години, кои се проектите кои што ќе почнат да се реализиираат оваа и следната година, како и кои ќе бидат општините во кои што ќе се реализира трајното сместување на мигрантите, бегалците и странците. Со најновата стратегија на Владата, Зоран Заев, Македонија од транзитна земја за мигрантите ја прави земја за трајно сместување и траен престој на голем број на лица од голем број на држави.“

Од тие причини, додаваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш ги повикуваме и покануваме премиерот Заев и министерката Царовска денес да присуствуваат на јавната расправа во 12 часот во Собранието на Република Македонија и лично да дадат одговори на повеќе прашања кои ги поставуваат граѓаните и јавност од повеќе општини.

Претходно «
Следно »