ВМРО-НП СО ПОДДРШКА ЗА ВМРО-ДПМНЕ ВО БИТОЛА: ВМРО-Народна ќе го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Битола

  • September 29, 2017

ВМРО Народна партија денеска соопшти дека на локалните избори ќе го поддржат кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, како и советничката листа од таа партија.

-Првата причина е што мислиме дека е добро за демократијата во Република Македонија да нема апсолутна власт една политичка партија. Втората причина е многу поважна, а тоа е дека ние сметаме оти Зоран Илиоски како кандидат за градоначалник и иден градоначалник ќе биде досега најдобриот појавен во овие 27 години во Град Битола, велат од ВМРО-НП.

 

Претходно «
Следно »