ВНИМАВАЈТЕ: Измама се шири на социјалните мрежи

  • August 29, 2016

Социјалните мрежи се преплавени од интересна порака која гласи дека нискотарифнта авиокомпанија Ryanair ќе подарува бесплатни билети по повод 35-та годишнина.

Измама за подарување авионски билети се шири на социјалните мрежи

Таа вели дека за да добијат билети како подарок, корисниците мора да ги исполнат неколку чекори: Прво треба да ја споделат веста во социјалната мрежа Facebook, а потоа да изберат 15 пријатели, на кои ќе ја испратат. Конечно треба да го дадат телефонскиот број.

Потоа треба да го притиснат копчето „Click here for your unique tickets“. Во линкот се истакнува дека билетите се ограничени и остануваат само 259 билети за подарок. Под публикацијата дури има објавени фотографии од членови со добиени бесплатни билети до различни дестинации. Некои од нив се за прва класа, а други за втора. Сето ова се покажа лага, соопштуваат од компанијата. На Facebook страницата на Ryanair пишува дека е повлечена лажна измама за бесплатни билети, која не е официјална промоција.

Претходно «
Следно »