ВНИМАВАЈТЕ: Откриено со колку информации располага „Гугл“ за Вас

  • March 31, 2018
  • Коментари

Во последните неколку недели „Фејсбук“ постојано беше на насловните страници поради менаџирањето на приватните податоци на корисниците, а сега се откри и колку информации има „Гугл“.

Еден експерт за информатичка технологија во серија твитови објасни што точно гигантот за пребарување знае за него уште од 2008 година. Тука се вклучени разни податоци – почнувајќи од сите места што ги посетил изминатата година до страниците што ги отворил, а имало и избришани фајлови од неговиот профил на „Гугл драјв“. Веста доаѓа среде скандалот со „Кембриџ аналитика“.

Дилан Каран од Ирска решил да ги преземе своите архиви од „Фејсбук“ и „Гугл“. Големината на податоците што ги имала најпопуларната социјална мрежа била еднаква на околу 400.000 документи во „Ворд“. Но, ова се изгубило во споредба со податоците што ги има „Гугл“, кои биле 5,5 гигабајти, што е речиси десет пати повеќе. Ова е исто како три милиони документи во „Ворд“.

Каран открил дека „Гугл“ постојано ја следел неговата локација во заднина, вклучително и колку време му било потребно да оди од една дестинација до друга. Исто така, „Гугл“ паметел информации за неговите интереси и активности, како и нагаѓања за неговата можна тежина и за приходите.

Еве што сè „Гугл“ знае за вас:

Каде сте биле

Ако ви е вклучена локацијата на вашиот телефон, таблет или друга направа, „Гугл“ ги зачувува сите локации на кои сте биле. Но, тоа не е сè. Се зачувуваат и имињата на локалите што сте ги посетиле, колку време сте поминале таму, како и патот по кој сте се вратиле дома.

„Гугл“ ги зачувува сите ваши патувања.

Настани на кои сте биле

Податоците на „Гугл“ содржат целосно досие од вашиот „Гугл календар“. Тука спаѓаат сите настани што сте ги додале, без разлика дали сте присуствувале на нив. Каран сподели дел кој покажува дека тој бил на интервју за работа во маркетинг, вклучително и времето кога пристигнал.

Сè што некогаш сте пребарувале

„Гугл“ снима и сè што сте пребарувале на интернет, што не е изненадување за пребарувач. Она што може да ве шокира е дека сето тоа се снима и откако ќе ја избришете историјата. Во досието на Каран имало 90.000 различни внесувања, а биле прикажани и фотографиите што тој ги снимил и страниците до кои пристапил. Тука се вбројува и забранетата страница „ThePirateBay“, која Каран ја споменува за да посочи колкава штета може да причини оваа информација ако се објави.

Ако сакате засекогаш да ја избришете историјата, кликнете тука и избришете, но треба да знаете дека ова ќе треба да го направите на сите уреди.

Реклами што можеби ве интересираат

„Гугл“ гради маркетиншки профил за вас врз основа на неколку фактори – вашата локација, пол и возраст. Исто така, се гледаат и вашите хобија и вашите персонални и професионални интереси, што може да се открие преку вашите пребарувања и активност на интернет.

 

Претходно «
Следно »