ВНИМАВАЈТЕ: Полицијата деновиве демне за овој прекршок, а казните се огромни!

Поврзано

Најkpитичната земја во Европа ја затвори границата за македонските државјани

Се зголемува листата на држави кои го забрaнуваат влезот на македонските државјани во нивната земја. Последната во низата е Италија...

Ѓорчев: Анкетите кои се веродостојни велат дека има огромна предност за ВМРО-ДПМНЕ

Ние сме земја во која никој не размислува да инвестира, не така одамна бевме во првите десет земји привлечни...

Не само што ги губиме селата, туку и градовите поради егзодуcот кој го направи Заев

Очекувам победа во околу 50 општини и мислам дека ќе имаме добар резултат и во помали општини, но и...

Обврската за носење зимска опрема ќе важи уште пет дена.

За возачите на автомобили, теренски возила и на лесни камиони е задолжително носење зимски гуми и синџири, а возачите на автобуси и на тешки камиони, покрај тоа, треба да поседуваат и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег.

Санкционирањето во претстојната зимска сезона ќе биде во согласност со постојниот правилник за зимска опрема во автомобилите, со кој се пропишува казна од 45 евра во денарска противвредност, односно на возачот ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми, се подразбираат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и по широчина од четири милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и по широчина, со минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и по широчина, од шест милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и по широчина, од најмалку четири милиметри. Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 килограми, подразбира зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и по широчина, од шест милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и по широчина, со минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат, односно лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „МС“, „М+С“, „М&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, полициски службеник може да му нареди на возач да го прекине понатамошното движење на возилото ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и за употреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине понатамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

Обврската за задолжителната зимска опрема трае до 15 март.

Актуелно

Фокусот на идната влада ќе биде во економијата

„Фокусот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучиво во економијата", нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во...

Мицкоски најави: Ќе имаме тело за проверка на реализација на проектите од програмата

Денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски гостуваше во дебатна емисија на телевизија 24 каде што посочи дека по доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт...

Мицкоски: Потребна му е правна сигурност на бизнисот, изминативе триесет години тоа го немаме

„Апсолутно во програмата зборуваме и за нови вработувања. Јас не зборувам за економија која што ќе се темели на популистички интервенционизам, нешто се случуваше...

Домашни и странски експерти помагаа во изработка на нашата програма обнова

„Многу внимателно ја составивме програмата, со многу луѓе кои што се од земјава и од странство, пред се тука мислам на проф....

Мисајловски: Наместо економски бум и Клинички центар, останаа само лагите на СДСМ и Зоран Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на изборната еденица 2 Владо Мисајловски, вечерва гостуваше во емисијата на МТВ каде што даде интервју и...

Повеќе вести