ВНИМАВАЈТЕ СО ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ: Има лажни наградни игри на социјалните мрежи!

Поврзано

Наташа Беквалац гoлa во бaзен

Атрактивната пејачка Наташа Беквалац(39) во провокативно издание, како вистинска морска сирена. Поп-sвездата ги „запали“ социјалните мрежи со нов пост...

Нашите баби никогаш не знаеле за стрес, а причината е едноставна

Баби или прабаби, за кого како. Често за нив размислуваме како отсекогаш делувале смирено, со благ поглед во очите...

Ова видео има 14 милиони прегледи за еден ден: „Најоткачената“ реакција на жена кога и кажаа да стави маска

Сè поголем број продавници во САД бараат од своите потрошувачи да носат маски, но некои упорно одбиваат да го...

Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП) информира дека се забележува зголемена активност на организирање лажни наградни игри преку социјалните мрежи (Facebook, Instagram…). При тоа, велат од Дирекцијата, на граѓаните им се ветуваат различни видови на награди, а за возврат од нив се бара да ги откријат своите лични податоци како што се име и презиме, адреса, фотографија, број на лична карта, матичен број, податоци од платежни картички, како и копии од лични документи.

Дирекцијата советува граѓаните да бидат исклучително внимателни при откривањето на своите лични податоци на интернет, затоа што постои зголемен ризик да бидат злоупотpeбeни за други незаконски цели.

Апелираме граѓаните да бидат внимателни и да не ги доставуваат своите лични податоци преку интернет на непознати или недоволно познати лица без да проверат дали објавената информација за наградна игра е точна. Во овој контекст истакнуваме дека во вакви случаи најчесто се користат техники на компјутерски базиран социјален инженеринг како што се „phishing“ и „pharming“. Овие облици на измама опфаќаат збир на активности од неовластени испраќачи, преку користење лажни пораки од е-пошта или користење на лажни веб страници, обидувајќи се при тоа од корисниците да добијат доверливи лични податоци, потенцираат од Дирекцијата.

За жал, додаваат, голем е бројот на корисници кои не се запознаени со овој вид на измами, при што доколку натрапниците еднаш дојдат до доверливите податоци, тие, или сами ги користат за одредени, најчесто незаконски цели, или пак ги продаваат.

Во пораките најчесто се повикуваат на лажни веб страни, кои според изгледот целосно одговараат на веб страните на легитимните компании (фирми). Апелираме при однесувањето на интернет, сите граѓани да постапуваат со соодветно зголемено внимание и да направат целосна проверка пред да се одлучи да се откриваат лични и други податоци, појаснуваат од Дирекцијата.

Актуелно

(Фото+Видео) Целото писмо од Боки 13 испратено од зaтвop – Дpжeн сум по секоја цена во пpитвop, додека вистинските кpиминaлци шepифyвaат и кoмaндувaат

Обид за убиство, шпионажа, противзаконско присвоени предмети при претрес се дел од кривичните дела во пријавите кои ги поднесе...

Фокусот на идната влада ќе биде во економијата

„Фокусот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучиво во економијата", нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во дебатната емисија на телевизија 24. Мицкоски...

Мицкоски најави: Ќе имаме тело за проверка на реализација на проектите од програмата

Денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски гостуваше во дебатна емисија на телевизија 24 каде што посочи дека по доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт...

Мицкоски: Потребна му е правна сигурност на бизнисот, изминативе триесет години тоа го немаме

„Апсолутно во програмата зборуваме и за нови вработувања. Јас не зборувам за економија која што ќе се темели на популистички интервенционизам, нешто се случуваше...

Домашни и странски експерти помагаа во изработка на нашата програма обнова

„Многу внимателно ја составивме програмата, со многу луѓе кои што се од земјава и од странство, пред се тука мислам на проф....

Повеќе вести