September 27, 2021, 12:09 pm

Внaтpeшeн кoнфликт мeѓy Taлибaнцитe, тeпaчки и рacпpaвии oколу соcтaвот нa влaдaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На врвот на талибанското движење, дошло до голем внатрешен конфликт околу составот на новата влада.

Конфликтот помеѓу ко-основачот на талибанското движење, Мула Абдул Гани Барадар и членот на кабинетот, Халил ур-Рахман Хакани, се случил во претседателската палата, дознава Би-Би-Си. Според талибански извор за британскиот сервис, Барадар и Халил ур -Рахман Хакани разменувале остри зборови, додека нивните соработници се бореле меѓу себе.

Наводно, расправијата избила затоа што Барадар, новиот вицепремиер, не бил задоволен од структурата на привремениот кабинет, но се појавиле и несогласувања околу тоа кој од талибанците треба да ја преземе заслугата за победата во Авганистан.

Барадар смета дека акцентот треба да се стави на дипломатијата и луѓето кои, како и тој, учествувале во преговорите, додека Хакани тврди дека победата е извојувана во борбите.

Барадар беше првиот талибански лидер кој разговараше директно со американскиот претседател, имаше телефонски разговори со Доналд Трамп во 2020 година, а пред тоа потпиша договор во име на талибанците за повлекување на американските војници.

Откако во последните денови Барадар исчезна од јавноста, имаше неколку непотврдени извештаи за несогласувања во врвот на талибанското раководство, но тие беа официјално демантирани.

Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан минатиот месец и оттогаш ја прогласија земјата за „исламски емират“.

Новиот привремен кабинет е составен исклучиво од мажи и е составен од талибански службеници, од кои некои се познати по нападите врз американските сили.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Вpaбoтeн вo МBP, и пopaнeшeн гpaдoнaчaлник нa Петровец од СДСМ cи гo пpoбoдeл cинoт двa пaти co нoж – oвa ce дeтaлитe

Вчера по кратка расправија во село Ржаничино, Звонко Цветковски (53), вработен во Бирото за јавна безбедност во МВР и...

More Articles Like This