ВОВЕДЕН ЗБОР НА ВИЛМА РУСКОВСКА: Катица влегла во филм и била aлчнa, Кичеец земал милион евра, Боки бил “умислен”

Поврзано

Лаже кај стигне: Заев му ветил на Тачи дека ДУИ нема да ја земе во Влада

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев му ветил на претседателот на ДПА, Мендух Тачи дека ако евентуално...

Бектеши ја иcкapa Царовска: Повеќе работи, помалку терај кампања!

Вицепремиерката Мила Царовска многу е зафатена со изборни активности па затоа нема време да се посвети на странските компании,...

До вчера 137 лицa со Koвид-19 и во изoлaцијa се пријавиле за гласање

Потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК) Дитмире Шеху изјави дека до вчера барање за гласање до општинските изборни комисии...

По кратката пауза поради здравствените проблеми на Бојан Јовановски продолжи првото рочиште за случајот „Рекет“. Продолжетокот на рочиштето започна со воведни зборови на Вилма Русковска која ја обвини Јанева дека влегла во филмот наречен „Чарлиеви Ангели“ и посочи дека од Специјалната јавна обвинителка можеби ќе слушнеме дека тоа што го направила го направила од наивност и немарност, но вистината е дека таа била алчна.

-Имаше еден филм, се викаше “Чарлиевите Ангели” и во тој филм влезе Катица Јанева. Можеби ќе слушнете дека тоа го направила од наивност и немарност, обвинителстовото ќе докаже дека тоа го направила од алчност и за тоа ќе презентираме несоборливи докази. Со тоа не само што ја злоупотребил функцијата на Специјален јавен обвинител туку што е многу поважно ја предаде довербата на народото. Со тоа не се посрамоти само себе си туку ја посрамоти и целата јавнообвинителска институција. Обвинителството ќе презентира несоборливи докази дека обвинетата Катица Јанева свесно и со умисла му изнесувала детали од предистражните и истражните постапки кои се воделе во тоа обвинителство кое нешто е спротивно со законот за кривична постапка, бидејќи тие постапки се службена тајна. За да може обвинетиот Бојан Јовановски од осомничените во тие предмети да бара огромни суми на пари, постапките против нив да завршат со условна казна на име на државата да се плати незначителен износ на пари, а во најдобар случај да бидат заштитени сведоци, вечи Русковска.

Според неа жртви во овој случај не се Камчеви туку граѓаните на Република Македонија.

-Добар дел од овие докази јавноста веќе ги слушна. Може ќе слушнете во текот на истрагата дека и Јордан Камчев и Ана Камчева први побарале и молеле за помош од обвинетиот Бојан Јовановски ама не е така. Преку обвинетиот Зоран Милевски, Бојан стапил во контакт со сведокот Ана Камчева. Какви биле тие средби, што се разговарало и каде се одржувале ќе слушнете од сведочењето на Ана Камчева. Ќе слушнете сведочења на бизнисмени за тоа колку пари им се барале. Ќе ги слушнете нивните сведочења и сигурна сум нема да ве остават рамнодушни како што не ме оставија ни мене. Тука не станува збор дали тие се виновни или не, станува збор за барање пари тие да не бидат виновни. Обвинетиот Зоран Милевски по прекар Кичевскиот ќе слушнете можеби дека се што направил е да му помогне на Јопрдан Камчев зошто го осеќал како брат. Ама не заборави да ја земе торбата со 1 милион евра, ќе се сложите иако е за брат многу е. И на крај сакам да потенцирам, жртви во овој предмет не се оние од кои се барани и земани пари, жртви во овој предмет сме сите ние граѓаните на оваа држава, додаде таа.

Актуелно

Комити со реакција за операцијата „Атлантик“: Горди сме затоа што бевме дел од кампањата за #Бојкот на понижувачкиот Референдум

Горди сме затоа што бевме дел од кампањата за #Бојкот на понижувачкиот Референдум. Ќе остане запишано дека бевме тука да го охрабриме народот, да истрае...

ДАЛИ „ДИЗ“ ФУКЦИОНИРА КАКО ПАРТИСКА ИСПОСТАВА НА СДСМ : По директни усни наредби на активисти на СДСМ се казнуваат откупувачи!

Спрегата Ненад Бошев , Мијалчо Ласков и Силвана Трбогазова обелоденета со документи, инаку таа истата спрега здраво одработува за СДСМ во ова предизборие. Ова тројство...

(Видео) Што договарала Шекеринска со Јанева и Јовановски?

Радмила Шекеринска по објавеното видео снимено во домот на Боки 13 сеуште молчи и бесрамно си тера кампања. Радмила Шекеринска мора да одговори, кога...

Мицкоски во Гевгелија,Дојран,Богданци и Валандово, носителите на листи во голем број активности и средби со граѓани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителите на листи ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ...

Повеќе вести