ВОДАТА ОД БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ НЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ: Пронајдени бактерии во водата од Билјанини извори

  • May 16, 2019

Водата од Билјанините извори на Охридското Езеро e нeбeзбeднa за пиење, предупреди денеска Центарот за јавно здравје од Охрид.

Последните физичко-хемиски анализи на водата од изворите спроведени во текот на денешниот ден покажале присуство на патогени бактерии, па оттаму  водата е биолошки нeиcпpавна и не е здpaвcтвено бeзбeднa за пиење.

Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, а од Центарот за јавно здравје посочуваат дека во континуитет се следи состојбата околу квалитетот на водата од Билјанини извори за што благовремено ќе биде известувана јавноста.

Претходно «
Следно »