ВОДИ ЛИ НЕКОЈ СМЕТКА ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД?: Сите Македонски лидери водат сметка за интересите на САД, никој за Македонија

  • March 17, 2018

Сите политичари во Македонија водат сметка за Американските интереси, а никој за Македонските – изјави во вчерашната емисија на телевизија „Алфа“ претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, објаснувајќи дека Македонските политичари се однесуваат премногу поданички кон Американските покровители

„Политичарите што ги имаме во Република Македонија, дали зборувате за Али Ахмети, дали зборувате за Груевски, дали за Мицкоски, дали за Зоран Заев сите водат сметка за САД и нивните интереси. Они да не се налутиле. Судијата да не го налутиле, а публиката не е битна. Води ли некој сметка за интересите на македонскиот народ? И како да кажам мене ми е многу жал што јас како партија на центарот морам да зборувам за вакви национални прашања во услови кога гледате дека секој води грижа за се само за македонскиот народ никој не води грижа.“ – изјави Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ додаде дека политичарите прво треба да мислат за „народот од кој што јадат леб“, а потоа за другите, туѓите интереси.

„На сите ни е битно што американците мислат. Немој случајно нивните интереси да ги загрозиме ако кивнеме случајно. Јас за тоа зборувам. Зборам јас ние што од народот јадеме леб прво треба да мислиме за него после за сите други.“ – заклучи Јакимовски.

 

Претходно «
Следно »