ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ КАНЦЕРОГЕН: Неверојатни дози на загаденост во Скопје, надлежните тераат дневна политика!

  • November 25, 2017

Загадениот воздух е опасен по здравјето на граѓаните, а за скопјани тоа стана секојдневие.

Загаденоста е на екстремно ниво и вечерва. Во Скопје граѓаните се гушат во смог, а во Лисиче едвај се дише.

Во Лисиче нивото на загаденост е над десет пати поголемо од дозволеното. Од дозволени максимални 50 микрограми на метар кубен, вечерва во Лисиче  мерните станици покажуваат неверојатни 553 мг/м3 концентрации на ПМ 10.

И во другите скопски населби е многу загадено. Граѓаните остануваат дома, со затворени прозорци и врати и стравуваат за своето здравје.

Загадено е и во други градови ширум Македонија. Но, како централната, така и локалната власт си седат со скрстени раце.

Конкретна стратегија и долгорочен план нема за борба со загадувањето нема. Ги нема ни најавените длабински анализи ни ветените инспекции на индустриските капацитети. За новото раководство на градот Скопје приоритет е поскапување на паркингот за 50% во деновите со голема загаденост, така ќе се одврателе граѓаните од автомобилите.

Заедно со Шилегов, политика си тера и неговиот партиски лидер Зоран Заев. Тој заборави на ветувањата за воздух и живот, па сега не води грижа за граѓаните кои буквално се гушат.

Претходно «
Следно »