ВОЗЕН ПАРК ВРЕДЕН МИЛИОНИ: Што се сѐ наоѓа во возниот парк на Заеви, а не е пријавено во анкетниот лист?

Поврзано

ОСМАНИ СО ПРЕДЛОГ: Да се вработуваат „ковид координатори“ во компаниите и државните институции

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека приватните компании, но и државни институции треба да отворат нова работна позиција, наречена, „ковид...

4 ДНЕВЕН КАРАНТИН: Комисијата за заразни болести бара полициски час во Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре до понеделник

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе предлог за воведување на полициски час за време на претстојниот викенд,...

ДЕКАНАТОТ ПРИТИСКА: Наместо онлајн испити, студентите сепак ќе полагаат со физичко присуство во амфитеатрите

Деканатот притиска, студентите негодуваат. Наместо онлајн испити, сепак ќе се полага со физичко присуство на студенти во амфитеатрите. Јунската...

Зоран Заев денешниот ден го искористи да го провози и да се пофали со својот нов мотор од 30.000 евра, БМВ „ К 1600 ГТ/ГТЛ“, со кој од Струмица, заедно со соодветно полициско обезбедување пристигна до Крушево

 

Во Крушево Заев присуствувал на прославата на именденот на градоначалникот Томе Христовски, кој денешниот ден го слави во чест на Томина Недела или т.н. Втор Велигден. Со Заев пристигнала и поголема група моторџии меѓу кои и неговиот адвокат.

Премирот возеше моторцикл БМВ, од моделот K 1600 GT/GTL Excl, кој од застапниците во Македонија се продава по цена од 29.990 евра и важи за еден од најскапите и најексклузивни моторцикли на пазарот. Повеќе информации за цената, дистрибутерот и моделот, на следниот линк.

Но тоа не е се што вози Заев. Имено, неговото потесно семејство поседува уште неколку лускузни возила, меѓу кои Мерцедеси, Поршиња, БМВ и секако неизбежното Ауди А6 и А8. До неодамна впрочем Заев се возеше со Ауди А8Л, вредно преку 100.000 евра.

Во поскоро време се вози со Мерцедес „С“ класа, со кој неретко може да се забележи како пристигнува во судот.

Ниту едно од овие возила, кои заедно со сигурност ја надминуваат вредноста од еден милион евра не е запишана во анкетниот лист на Зоран Заев. Освен Порше Кајенот, Панамера, Ауди А6 и А8, Мерцедес С класа, како и мотоциклите БМВ и Јамаха – четирицикл кој го возеше заедно со ген.секот на владата Драги Рашковски – семејството Заеви поседуваат и многу други „поефтини“ возила.

Како што може да се види на анкетниот лист, Заев нема пријавено ниту едно моторно возило на негово име, а јасно е како бел ден дека самиот тој и неговото потесно семејство поседуваат возен парк на кој можат да му позавидат и регионалните политички лидери.

 

Актуелно

4 ДНЕВЕН КАРАНТИН: Комисијата за заразни болести бара полициски час во Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре до понеделник

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе предлог за воведување на полициски час за време на претстојниот викенд,...

(Фото) НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР: Кичеец фотографиран како ужива во сонцето на охридското крајбрежје

Социјалните мрежи ги преплавија фотографии од второобвинетиот, веќе осуден за случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец. Еден од главните ликови во аферата од пред еден...

ЧЕТВОРИЦА ПОЧИНАА: Потврдени 101 нов случај на ковид-19 за едно деноноќие

Четворица пациенти починаа, а 101 нов случај на ковид-19 во Македониија регистира Министерството за здравство за едно деноноќие. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

ПАНИКА НА ИЛИНДЕНСКА: Вонреден состанок во Влада, можно е воведување на рестрикивни мерки

Во Влада се одржува вонреден состанок по неофицијалните сознанија дека бројката на новозаразени изнесува повеќе од 100 лица од кои 59 се од Скопје. Најголем...

АКО ЗА НЕШТО СЕ КРИВИ ГРАЃАНИТЕ, КРИВИ СЕ ШТО ВИ ВЕРУВАA!

Нова нормалност, се изнаслуша целата македонска јавност изминатите неколку недели откако се направија низа на погрешни чекори во справувањето со пандемијата на новиот коронавирус....

Повеќе вести