(Вознемирувачки снимки)НАТОПЕНИ ВО КРВ: Преживеаните од масакрот во Истанбул зборуваат за хоророт кој го доживеале!

  • January 1, 2017

Преживеаните во нападот на клубот Реина во Станбул во кој загинаа најмалку 39 лица и 70 беа повредени, со јавноста ги споделија деталите од масакрот врз присутните и сведочејќи дека луѓето скокале во морето за да се спасат
istanbul_napad

„Се забавувавме. Одеднаш луѓето почнаа да трчаат“, вели Синем Ујанк која била во клубот заедно со нејзиниот сопруг во моментот на нападот, во изјаа за Хуријет. „Сопругот ми рече да не се плашам, и скокна врз мене. Луѓето трчаа преку нас“ – сведочи Ујаник.

Според Ујаник, во клубот имало најмалку двајца напаѓачи кои пукале по луѓето.
„Беше страшно. Некој пукаше. Двајца напаѓачи ги убиваа луѓето безмилосно“, тврди Ујаник, а пренесува Хабер 7, додавајќи дека во клубот се чувствувал силен мирис на барут. „Тогаш се онесвестив. Кога се разбудив, мојот сопруг беше во крв. Луѓето беа натопени во крв“, вели таа, додавајќи дека успеала да ги турне луѓето и да стигне до брзата помош и полицијата.


Еден од вработените во клубот, изјавил дека еден од неговите пријатели биле повредени во нападот. Тој за Хуријет изјавил дека, двајцата успеале да избегнат од сигурна смрт и да избегаат од клубот.
„Го донесов мојот пријател во болница, избегавме надвор во паника..Имаше многу повредени внатре. Беа преку 600 луѓе во клубот. Незнам точно“, рекол вработениот.

„Секојдневно гледаме терористички напади на ТВ, но ништо не може да те спреми кога ќе дојде кај тебе. Како ќе живееме во оваа земја? Бомби ќе експлодираат, ќе се пука со оружје“, изјавил друг очевидец.

Турскиот фудбалер Сефа Бојда, кој бил во клубот со неговата девојка, рекол дека полицијата „пристигнала брзо“ по почетокот на масакрот.

„Не видов кој пука но слушнат истрели и луѓе кои бегаат. Полицијата пристигна брзо“, напишал на Твитер. Во моментите по првите истрели, тој исто така успеал да го спаси сопствениот и животот на неговата девојка.

Истанбулскиот гувернер Васип Шахин рекол дека овој инцидент ќе се третира како терористички напад.

Претходно «
Следно »