(Вознемирувачко)ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО КАЗАХСТАН: Четворица загинати, осум повредени во напад на полициска станица во Алмати!

  • July 18, 2016

Најмалку петмина се загинати и седумина повредени во терористички напад на Исламистичка група врз полициска станица во Алмати, Казахстан. Претседателот Нурсултан Назарбаев објави дека се работи за терористички акт

Бројките ги соопшти градскиот анти-терористички штаб. Властите претходно соопштија дека тројца полицајци и еден цивил се загинати во нападот. Тројцата убиени се полицајци на 24, 28 и 42 годишна возраст, сите со семејства и деца.


Извор во болницата во Алмати за Ројстерс информирал дека шестмина се загинати во нападот, додека осуммина се хоспитализирани повеќето во сериозна и критична состојба.

Осомничените напаѓачи се 26 годишниот Руслан Куликбајев кој имал блиски Салафистички врски, а образованието го добил во ултра-конзервативното училиште за Ислам на кое се приклучил додека бил во затвор, изјавил шефот на Националниот Безбедносен комитет. Куликбајев отслужил две затворски казни, една за кражба во 2010, друга за нелегално поседување на оружје во 2012 година.

Вториот осомничен е приведен од полицијата, бил таксист кој го возел Куликбајев во градот, изјавил министерот за одбрана. Возачот бил принуден да му помогне на напаѓачот да избега најбрзо што може од местото на настанот.

Црвена тревога била подигната во градот, што значи највисоко ниво на опасност. Ваква тревога се крева само кога властите утврдиле терористички акт и очекуваат нов набрзо.

(Фото одного из стрелявших) Очевидцы присылают фото с места задержания стрелявшего в Алматы. Сообщается, что мужчина задержан в районе КБТУ. ➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖ Сообщается, что на место прибыли сотрудники спецподразделений. “Все в бронежилетах, с оружием в масках. Всех людей загоняют в здание. Слышна стрельба в сквере на Абылай хана – Казыбек би. “По словам очевидцев, ранены трое полицейских. Преступник устроил стрельбу на Абылай хана ниже Толе би. Потом побежал по Толе би, где его задержали”. Алматинцев просят не выходить из дома из-за проведения антитеррористической операции 18.07.2016 года на территории города Алматы объявлено о проведении антитеррористической операции. В этой связи просим всех не прокидать свои жилища, избегать мест массового скопления людей. Обо всех подозрительных лицах незамедлительно сообщать в правоохранительные органы, и с пониманием отнестись к действиям сотрудников правоохранительных и специальных органов”, – говорится в сообщении ДВД Алматы. Об изменениях оперативной ситуации общественность будет информирована дополнительно. #Almaty #Алматы #НовостиКазахстана

A photo posted by Свежие Новости Казахстана (@tigrohaud) on

Анти-терористичка акција беше спроведена во Алмати, изјавил министерот за внатрешни работи, замолувајќи ги граќаните да не ги напуштаат нивните живеалишта и да избегнуваат јавни места. Жителите исто така беа замолени да ја информираат полицијата за сомнителни луѓе.

Претходно «
Следно »