October 21, 2021, 1:19 pm

Возовите повторно во функција – но машиновозачите со уште една закана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Возовите од 14.30 часот пак сообраќаат. Вчера во 16 часот, машиновозачите не се качија во локомотивите и ги оставија возовите на станиците, барајќи да им се исплати неисплатениот дел од јунската плата.

Откако, денес им беше исплатен остатокот за јуни, штрајкот беше прекинат, но синдикалните преставници велат дека пак ќе прекинат со работа, ако до 25август не ја добијат јулската плата.

– Законскиот рок за исплата на јулската плата е до 15 август, но еве, од нас даваме 10 дена, односно бараме најдоцна до 25-ти август да ни биде исплатена јулската плата. Во спротивно, во 7 часот на 26-ти јули, возовите ќе престанат да сообраќаат. Сега имавме состанок со раководството и со надлежните во Министерството за транспорт и тоа јасно им го кажавме, изјави за „Слободен печат“ Душко Чакаровски, претседател на Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија.

Тој објасни дека покрај редовна плата, имаат уште едно барање – да им се врати стариот процент за надоместок на квалитет. До јули процентото бил 30, а од јули се намалил на 20.

– Дел од возовите воопшто не сообраќаат. Не може и оние што возат и оние што не возат да имаат надоместок за квалитет. Тие што возат треба да го добијат овој додаток на плата и неговото намалување е сосема неоправдано, вели Чакаровски.

Чакаровски потенцираше и дека е неопходно Министерството за транспорт да обезбеди пари за сервисирање на возовите, како и да набави нови локомотиви.

Latest News

Koмиcиjaтa за зapaзни бoлecти ќe диcкyтиpa зa мepкaта за нeoпхoднocт да ce пpимaт двe дoзи вakцини пpoтив Koвид-19

Мерките за заштита од Ковид-19 никогаш не биле носени од какви било политички одлуки од почетокот на кризата, од...

More Articles Like This