Волшебно какао: Го намалува стресот, ја чува кожата, спречува деменција!

  • March 5, 2019
  • Коментари

Благодарение на многуте различни состојки се испоставило дека е делотворен на повеќе полиња. Познат е како билка која го чува организмот од слободните радикали, ги намалува стресот и депресијата, штити од болести на срцето и крвните садови, како и од многу видови канцер. Исто така е одличен извор на железо.

Пријател на кожа и крвни садови

Флавоноли, подгрупа на флавоноиди, се посебно интересни на современата медицина. Истражувањата покажуваат дека кај испитаници кои пиеле какао со високо ниво на флавонол значително се намалил крвниот притисок и за 46. отсто се подобрила функцијата на крвните садови.

Истражувањата кажуваат и дека се исклучително делотоврни за зачувување на здрава кожа. Со редовно конзумирање на какаото се зголемува отпорноста на кожата на штетното УВ зрачење,
со што се одложува појава на иритација и црвенила, брчки и пигментација. Холандски и германски научници во тримесечно истражување докажале дека кожата на жените кои секојдненво пиеле шолја топло какао станала понежна, похидрирана и помалку чувствителна на делување на сонцето.

Супер храна
Американската асоцијација за унапредување на науката тврди дека редовно испивање какао го бистри мозокот. Флавоноидите во овој напиток ја забрзуваат циркулацијата, дотокот на кислородот до мозокот а тоа ја спречува деменцијата.

Научниците какото го вброиле во таканаречената супер храна, а тоа значи дека тој е во рангот на калинка, акаи и гоџи бобици, а исто така тврдат дека има три пати појако дејство од зелениот и црниот чај.

Докажано е и дека со секојдневно конзумирање на 22. грама какао во прав значително се намалува таложењето на лошиот холестерол на ѕидовите на крвните садови. Поради тоа какао правот треба да се конзумира без било каква грижа на совест.

Преку зима грее

Врело какао на ниски температури може да го загрее и опушти измрзнатото тело, буди носталгија и не враќа во детството. Подгответе шолјичка какао за себе и оние кои ги сакате па во кревет или, во нов работен ден.

Какао:
– го регулира нивото на шеќер и холестерол

– го поттикнува памтењето и ја подобрува циркулацијата

– намалува опасност од срцев и мозочен удар

– го успорува процесот на стареењето

– ја омекнува кожата

– тој е моќен афродизијак и антиоксиданс

Претходно «
Следно »