ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: И Славчо Попоски предвидува големо невреме во четврток!

  • August 10, 2016

Утре (11.08.2016) времето во Македонија во предпладневните часови ќе биде сончево и сеуште топло со умерена локална облачност. Веќе почнувајќи од попладневните часови територијата на Македонија ќе започне да потпаѓа под влијание на влажна и студена воздушна маса од Север

prognoza

Поради тоа утре попладне и навечер облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени локални врнежи од дожд. Локално можен е развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Локално во текот на попладнето и вечерта процесите е можно да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследена со пороен дожд , силен ветер , силни електрични празнења и град.

Сепа овие процеси и доколку с епојават ќе бидат со далеку послаб интензитет за разлика од тиа што го имавме изминатиот викенд.

Утре доцна попладне и навечер како и во петок ќе дува ЗАСИЛЕН , на некои места СИЛЕН ветер од северен правец кој на некои места ќе достигнува брнзина од над 60 км/час и ќе предизвика пад на температурите за повеќе од 10 степени.

За секој случај добро е да се предупреди поради силниот ветер кој што се очекува Автомобилите да се заштитат. Односно да не бидат во близина на дрвја со цел да не дојде до некоја материјална штета.

Температурата утре ќе се движи во интервал од 30 до 37 степени. Доцна попладне и навечер ќе започне значително да опаѓа.

Од петок како и за време на викендот температурите ќе бидат значително под просекот за месец Август и ќе се движат во интервал од 19 до 27 степени.

 

Следете го и нашиот нов интернет портал и фејсбук страница: Meteo24.mk!

Претходно «
Следно »