ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Невремето повторно почна – се очекува силен интензитет на пороен дожд и грмотевици!

  • August 7, 2016

Дожд почна да врне во Скопје. Во моментов се работи за слаби врнежи, но со грмотевици и ветер од правец на Скопска Црна Гора.

dozd-640x706
УХМР во текот на денот издаде прогноза дека се очекуваат нови врнежи вечерва, послаби од тие во текот на претходната вечер, но со оглед на тоа што почвата е веќе натопена со големи количини вода и нема да може повеќе да апсорбира, дури и малите врнежи можат да предизвикаат нови штети.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Во овој момент над Скопје се развива нестабилна воздушна маса која оваа вечер повторно ќе донесе поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи како и засилување на ветрот. Повторно е можно да падне поголема количина на воден талог. Врнежите најверојатно ќе продолжат и во текот на оваа ноќ. Нестабилно време се очекува и утре кога повторно ќе има поројни врнежи и грмежи на повеќе места.

Истата нестабилност се очекува и во Скопје. – вели Славчо Поповски сопственик на порталот Метео24.мк

[/kopa_block_quote]

 

Претходно «
Следно »