ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ЕПИДЕМИЈА НА МОРБИЛИ ВО ВАШИНГТОН: Расте бројот на заболени од морбили во Вашингтон!

  • January 28, 2019

Гувернерот на Вашингтон, Џеј Инсли, прогласи вонредна состојба поради големиот број на случаи на заболени лица од мали сипаници.

Неговата одлука следуваше откако во неделата беа потврдени вкупно 35 заболени лица, објавија тамошните медиуми.

Малите сипаници се многу заразна болест, која може да биде и смртоносна за мали деца”, изјави Инсли, додавајќи дека почетокот на жариштата создава екстремен ризик за јавното здравје што брзо може да се прошири и во други земји.

Најголем број на потврдените случаи или 34 заболени лица, беше забележан во областа Кларк на јужната граница на Вашингтон, а од вкупниот број на заразени според здравствените власти 30 лица не биле вакцинирани.

Во последните неколку години бројот на невакцинирани деца во САД е зголемен, поради што властите препорачуваат вакцинација против мали сипаници, заушки и рубела.

Претходно «
Следно »