ВОЈНА КОЈА ЌЕ ГО ОСИРОМАШИ ЦЕЛИОТ СВЕТ: Ако завојуваат овие две нации, целиот свет ќе падне во сиромаштија и нова економска криза!

  • November 15, 2017

Вооружениот судир помеѓу Ријад и Техеран би имал големо влијание на пазарот на нафта и глобалната економија. Доколку дојде до војна, цената на горивата би пораснале и до пет проценти

„Цената на нафатата сериозно би зависела од интензитетот на можниот судир. Да замислиме дека непризнаениот ирачки Курдистан кој е во состојба на постојана војна извезуваше 550.000 барели нафта дневно преку Турската територија. Со тоа во предвид, можеме да очекуваме паничен страв и цена на нафта која би скокнала за 150-200 долари од првиот ден на судирот. Доколку саудијците и Ирачаните ги нападнат нафтените полиња на противникот, цената на сировата нафта ќе порасне на триста долари“, рекол за РТ Михаил Машченко, инвестициски аналитичар.

Инвестициониот аналитичар на „Глобал еф икс“ Иван Карјакин истакнува дека подрачјето на потенцијалниот конфликт ја покрива територијата на која се прозиведува речиси третина од нафтата. Саудиска Арабија, Ирак, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Оман и Катар заедно произведуваат околу 28 милиони барели дневно, што е нешто помалку од 30% од светското производство, поради што цената на барелот би скокнала на 150-180 долари.

„Тогаш се би зависело од должината на траење на војната. Светскиот пазар би преживеал два или три дена конфликт. Доколку судирот потрае цела недела, цената би пораснала за 250 долари и повеќе, а тоа би имало долгорочни последици со обзир на тоа што ќе се намалат залихите“, вели Карјакин.

Тој смета дека војната помеѓу Техеран и Ријад е малку веројатен бидејќи не би им одговарал на Русија и Кина.

„Русија е партнер на многу земји на Блискиот исток кои се меѓусебно поврзани. Најголемиот увозник на нафта Кина која би го сносела најголемиот ризик од судир и затоа ќе го искористи своето влијание на Иран и САД да спречат конфликт“, вели Карјакин.

Војна на Блискиот исток ќе биде многу непрофитаблилна и за увозниците, смета аналитичарот на „Форекс отијмум“ Иван Капустијански.

„Во случај на војна, пазарот ќе изгуби 20% од светските залихи. Пред се, највеќе ќе бидат оштетени најголемите увозници, а тоа се САД, Кина, Јапонија, како и Еврозоната – главната локомотива на светската економија“, вели тој.

И Саудиска Арабија и Иран разбираат колку е важна нафтата за нивните економии и ќе се трудат да го одржат производството и во воени услови, истакнува аналитичарот Андреј Дјаченко. Остриот скок на цената на нафата и нафтените деривати би била сериозна закана за светската економија бидејќи ќе доведе до инфлација.

„Во време на релативно мал раст, значаен скок на инфлацијата би довел до осиромашување на голем дел од светската популација“, додава тој.

Претходно «
Следно »